Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
95 години од Втората балканска војна
МАКЕДОНСКАТА ГОЛГОТА
КЛИМЕНТ ДЕЈАНОВСКИ


Поради околноста што балканските сојузници не успеале да се спогодат, кој колку да заграби од Македонија, а поттикнувани од големите европски сили, меѓу нив во 1913 година избувна војна, позната како Втора балканска војна. Македонското боиште во Втората балканска војна ја зафаќало територијата од Солун по Вардар до Скопје, на североисток преку Куманово до Големиот врв на старата српско-турска граница и на јго-исток до Ќустендил, Царево село (Делчево) - Пехчево, Берово-Струмица - источно од Дојран кон Серес и Кавала. Меѓутоа, главните борбени дејства во оваа војна се развиваат во познатата Брегалничка битка, во реонот на Штип, Кочанско и Делчевско.
Во договорите меѓу сојузниците, како и во анексите, беше дадена и алтернатива, Македонија да се уреди како автономна област. Исто така како повод за започнувањето на војната послужи одбивањето на Турција да го прифати ултиматумот на сојузниците да й даде автономија на Македонија, факти што излажа многу Македонци да веруваат во искреноста на сојузниците и да мислат дека борбата се води за слободата на Македонија. Наспроти тоа по поразот на Турција сојузниците ниту не мислеа да й дадат автономија на Македонија, туку тргнаа по пат на војна да го решат проблемот кој колку да заграби од територијата на Македонија.
За војна се готвеа сите страни. Бугарските војски се готвеа, со Втората и Четвртата армија да започнат офанзива против српските војски на фронтот на Брегалница, и против грчката војска на фронтот во егејскиот дел на Македонија. Српската и грчката војска беа во дефанзива и спремни да ги почекаат нападите на бугарската армија.
Со военните операции прва отпочнала Бугарија. Бугарскиот цар Фердинанд Кобуршки, кој бил и врховен командант на Бугарската армија, тајно преку својот заменик генерал Савов издал заповед на командите на II бугарска армија пред Солун и на IV армија пред Штип, на 29 спроти 30 јуни 1913 година да извршат застрашувачка атака врз грчките и српските воени позиции со цел да ги застрашат и со тоа од нив да издејствуваат попустливост во преговорите за поделбата на Македонија.
Изведениот изненаден ноќен напад на 29, продолжил и на 30 јуни, и завршил со успех во корист на бугарската армија. На 1 јули 1913 година, генерал Савов, по заповед на бугарската влада, издал писмена наредба за прекин на воените дејствија. Тој испратил кај Србите делегација за да преговара за мирно разрешување на спорните прашања. Но, српската воена команда ги задржала преговарувачите, а на своите сили им наредила да извршат напад на целиот простор по течението на Вардар, Брегалница и Злетовска река. Во овој напад делови на VII -та бугарска рилска дивизија биле запленети од српската војска кај Злетовска Река. Поголеми успеси бугарската војска забележала на Лакавичкиот фронт, од причина што во заднината на српската војска избило вооружено востание организирано од четите на ВМРО.
На фронтот спрема Грција бугарската одбрана била најслаба меѓу Кавала и Гевгелија. Бугарија имала околу 30 илјади војници, в бројот на грчката војска на овој фронт изнесувал околу 100 илјади војници. Грчката војска ја предводел лично кралот Константин, па затоа таа се борела многу фанатизирано. На 4 јули 1913 година грчката војска ја поразила бугарската кај Лахна, а бргу потоа и кај Кукуш и Дојран. По овие порази бугарската армија започнала да отстапува во правец на Родопите и по долината на река Струма.
Вредно е да го подвлечеме фактот дека на овие фронтови во редовите на бившите веќе сојузници се бореле многу регрутирани и доброволци измеѓу Македонците емигранти. Особено многу биле тие во редовите на бугарската армија во познатото Македонско-одринско ополчение. Мнозинството од нив тргнало со верба дека ќе се бори за автономна Македонија и сега се нашле заклештени во редовите на непријателските војски што се бореле за поделба на нивната татковина. Тие требало сега да избират меѓу неповолни алтернативи сите од кои воделе кон поделба на нивната сакана и неделива татковина Македонија. Голема вина за ова положба има предавството на т. нар. ВМОРО - односно десната врховизирана струја блиска до бугарската влада која се ставила во услуга на бугарската политика на присоединување на Македонија и помогнала да бидат изманипулирани мноштво Македонци, кои се бореле на бугарска страна со верба дека се борат за Македонија. Во тоа тие покажале чуда од храброст меѓутоа сосема попусто.
Се среќаваат бугарски изворни податоци дека македонските борци се наоѓале во првата борбена линија на фронтот од село Цера, Делчевско преку Калиманско поле, Пехчево и Кресненската клисура и дека се бореле многу храбро, дека тие ги наметнувале ноќните борби и јуриши „на нож“ и дека пред самото завршување на воените операции не ги обsирале дури и наредбите на своите страшини, трчајќи како избезумени врз непријателските положаи и орудија.
Од 8.VII па до крајот на 30.VII на сите фронтови се воделе тешки борби. Во војната се вклучиле и Романија и Турција. И покрај тоа што бугарската армија забележала неколку победи на старата бугарско-српска граница и го сопрела напредувањето на српско-црногорските војски меѓу Калиманци и с. Цера, како и грчките војски кај Кресненската клисура, сепак, победници во војната на преминот јули-август 1913 година биле Србија, Црна Гора, Грција, Романија и Турција.
Така дошло до склучувањето на Букурешкиот договор (всушност Букурешкиот диктат) на 10 август 1913 година, со кој Македонија била поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Така II Балканска војна со сите свои предигри, интриги и суровост, и нанесла тежок удар на единството и желбата за автономија на Македонија. За време на Мировната конференција, одкако загубила секоја надеж да ја присвои Македонија, бугарската делегација дала предлог Македонија да се организира како автономна област. Со ваков предлог истапиле и преставниците на Отоманската империја, но да остане под нејзин суверенитет. Со овој предлог не се согласиле не само Грција и Србија, но и големите европски сили и пред s# Франција. Треба да го подвлечеме фактот дека при подпишувањето на Букурешкиот мирен договор, единствено водачот на американската делегација - Чарлс Вопика откажал да го сложи својот подпис под документот на Букурешкиот договор. Дефакто тоа означувало несогласноста на Државниот департамент во Вашингтон со поделбата на Македонија и принудителното поставување на македонскиот народ во новата - грчка, српска и бугарска тиранија.
Поделувајќи си ја сојузниците на овој начин Македонија, божем со цел да воспостават некаква рамнотежа меѓу себе, тие всушност го продолбочиле јазот што ги делел нив и ги заостриле спротивностите што само по две години ќе ги доведат до нова војна во Македонија и пак за нејзината прераспределба. Балканските завојувачи се оглушиле на апелите и барањата на родољубивите Македонци за создавањето на една целосна, слободна, независна и демократска македонска држава на Балканот.
Против решенијата на Букурешкиот договор и поделбата на Македонија се повеле низа акции во земјата и во странство. Така например во Петровград (Русија) се одржала јавна разправа по македонското прашање, на која присуствували и преставници на Македонската колонија - Димитрија Чуповски, Наце Димов и др., преставници на руски научни и културни кругови. Собирот го признал како најправилно онаа решение со кое би се дало слобода и автономија на Македонија гарантирана од големите европски сили.
По подпишувањето на Букурешкиот договор и поделбата на Македонија, во Софија се собрале на советување македонските револуционерни дејци: Јане Сандански, Васил Чекаларов, Христо Чернопеев, Петар Чаулев, Смиле Војданов, Марко Иванов и др. Тие извршиле анализа врз положбата во Македонија по нејзината поделба меѓу сојузниците и зеле решение - да се испрати меморандум до големите сили од името на македонскиот народ, со цел да се бара од нив, да извршат ревизија на Букурешкиот договор и да й се даде слобода и политичка автономија на Македонија. Во меморандумот меѓу другото се вели: „Ако мирните иницијативи не дадат очекуваните резултати македонскиот народ ќе биде приниден да ја продолжи револуционерната дејност и против новите поробители на Македонија“.
Меморандумот бил испратен на 11 август 1913 година до Едуард Греј, претседател на Лондонската посланичка конференција, како и до полномошните министри на Австрија, Англија, Германија, Италија, Русија во Софија. „Од името на македонскиот народ - се вели понатаму во меморандумот - кој е жртва на новите завојувачи на Македонија - високо протестираме против Букурешкиот договор, таа црна дамка на цивилизирана Европа, кој го постави македонскиот народ во едно потешко ропство од турското“. Меморандумот завршува со апел кон владата на големите европски држави, да се застапат за ревизија на Букурешкиот договор и да й се даде автономија на Македонија во нејзините географски и етнографски граници.
Букурешкиот диктат го предизвикал отпорот и на патриотските сили на македонската емиграција во Америка и Канада, кои ги повикувале сите Македонци да ја продолжат борбата против новите поробители на Македонија.
Најтрагичната последица од Букурешкиот договор за Македонија и македонскиот народ е губењето на неговата целост, Раздробен, тој останал да се бори против три поробувачки режими, кои со секакви средства се труделе да ја обезличат неговата национална самобитност.
За жал, и денес, владите на Р. Грција и Р. Бугарија продолжуваат со нивната национал-шовинистичка политика на негирање и обезличување на македонската национална идентичност.
Но, за грчките и бугарските шовинисти не останува ништо друго, освен да плачат покрај границите на Р. Македонија, како што некогаш Евреите се плакали пред Јерусалимските стени.
Повелбата на времето на ХХI век е Балканот да биде составен дел од обединета Европа, а врховизмот, кој е составен дел од надворешната политика на некои балкански држави кон Македонија, да биде фрлен на буништето на историјата.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ЕПОПЕЯ НА МАКЕДОНСКИЯ НАРОД

НИКОЛА КАРЕВ
 
ДАМЕ ГРУЕВ
“Заклевам се в името на своята чест и пред Бога, че вярно и честно ще служа на интересите на своята татковина Македония...“ (Клетва при встъпване във ВМРО)
 
 
Македонија пее
 
БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ...
Бојот започнал горе Kрушево,
горе Крушево, на Мечкин камен. (2)

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули. (2)

Жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен. (2)

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија. (2)

ГОРДА МАКЕДОНКА
Вистина е мила мамо вистина
среќна сум мамо Македонка
со душа и срце распеана
на ден Илинден родена
Гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам да играм да горам да бликам
се ќе сторам мајко да те имам
во тага и солзи, во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо вистина
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

СЕ ЗАПАЛИ ПИЛЕ ТРЕНО
Се запали пиле Трено одајчето, (2)
одајчето пиле Трено варосано,
варосано пиле Трено - падросано.

Не ми е жал пиле Трено за одајчето, (2)
тук’ ми е жал пиле Трено за чекмеџето. (2)

Внатре беа пиле Трено тапиите, (2)
тапиите пиле Трено од момите. (2)

Поезия
ВЕРНИЯТ ПЪТ
На вас, безсмъртни илинденци!
Дори като затворник зад решетка
или на път към слънчев необят,
сърцето разговаря с равносметка
на извървяното през този свят.

Повехне ли от ужас свободата,
животът е трагедия на роб,
че заедно приличат на тревата,
която плаче над забравен гроб.

Но тъжна безизходица е жажда
сърцето на доброто да тупти
и даже в поражение да ражда
величие и то да му шепти: -

През кървав ад душата ми премина
и може да разказва мълчешком,
че който носи болка за Родина,
той в нея ще намери своя дом.

Съдбата ми завинаги е твоя
като прегърната от две ръце,
че нищичко си няма, Майко моя,
освен едно премръзнало сърце.

В душата ми пищяха ветровете
на всички тиранични времена,
защото аз отглеждах вековете,
които търсят път от светлина.

Аз идвам от далечните ти рани
и нося неугасваща звезда,
че минах под илинденски камбани,
които възвестяват свобода.

Аз минах през разбитите окови
на дългото мълчание от страх
и тръгнах през изсъскани отрови
и бъдещи виелици от прах.

Аз вчера бях спасителна пътека
за още неизгряла красота
и гледах от сълзата на човека
как утре се усмихва пролетта.

Сърцето верен път е извървяло
в огромното световно колело,
когато на Родината е дало
поне това, което е могло!
АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting