Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Од историјата на пиринскиот дел на Македонија
БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАВА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЛА
Д-р Васил Јотевски
(Продължава от миналия брой)



Во 2 часот по полноќ, на 21 август 1968 година, членките на источноевропскиот воен Вар-шавски договор, СССР, НР Бугарија, Германска Демократска Република, Народна Република Полска и Народна Република Унгарија ја започнале воената агресија и окупација на Социјалистичка Република Чехо-словачка. Тој настан повторно предизвикал поларизација меѓу државите на Балканот, во Европа и пошироко. Доследни на својата принципиелност и на неврзаната самостојна надворешна политика, против мешањето во внатрешните работи на други држави и решавање на сите видови недоразбирања по пат на преговори, угословенските партиски и државни раководители застанале во одбрана на правата на чехословачките народи и ја осудиле агресијата извршена од страна на споменатите држави, членки на Варшавскиот договор.
По тој повод, државниот секретар за надворешни работи на СФРЈ, Милорад Пешиќ, им врачил демарш на амбасадорите на Советскиот Сојуз, НР Бугарија, ГДР, Полска и Унгарија. Истиот ден, на 22 август, се одржал општонароден митинг за поддршка на чехословачките народи и за осуда на агресорите. На митингот во Белград присуствувале повеќе од 250 000 луѓе.
Натамошниот развој на настаните предизвикал да излезат на површината речиси сите недоразбирања во политиката што ја воделе југословенските и советските партиски и државни раководители. И овој пат бугарското партиско и државно раководство, кое било директно инволвирано во Чехословачка, следејки ја во чекор советската политика, не чекајќи ниту миг, веднаш ја започнало кампањата против СФР Југославија и директно против СР Македонија. Бугарските весници „Работническо дело“, „Отечествен фронт“ и др. биле полни со написи во кои се осудувале ставот и политиката на југословенското партиско и државно раководство што ги зазеле спрема воената агресија и окупацијата на Чехословачка.
Како и многупати пред тоа, токму настаните, носењето на резолуцијата на Информбирото „За состојбата во КПЈ“, воената интервенција на Советскиот Сојуз во Унгарија 1956 година, агресијата и окупацијата на Чехословачка од страна на воените сили на петте членки на Варшавскиот договор, директно ќе повлијаат на заострувањето и заладувањето во меѓупартиските и меѓудржавните дипломатски односи меѓу СФР Југославија и НР Бугарија. Тоа особено ќе дојде до израз при свеченоста за одбележување на годишнината на Деветти септември 1944 година. Имено, на 9 септември 1968 година, во Софија се одржала свечена академија на која реферат поднел Иван Прванов, еден од секретарите на ЦК на БКП. Покрај другото, во рефератот, без никакви причини и повод, на груб начин бил нападнат ставот на југословенското државно и партиско раководство во врска со агресијата и окупацијата на Чехословачка.
Амбасадорот на СФР Југославија во НР Бугарија, д-р Кирил Миљовски, кој бил поканет на свечената академија, неа демонстративно ја напуштил.
Не поминало многу време, во ноември 1968 година, во издание на БАН, од печат излегла „Историско политичка информација за македонското прашање“. Истата била отпечатена во 100 000 примероци и по разни нелегални канали била разпространувана во СФР Југославија, односно во СР Македонија.

8. Усогласувањето на бугарската општествено политичка свест и мисла во однос на македонската нација

По 20 години упорен политички, воено-полициски, административен, културно-просветен и пропаганден притисок, проследен со неброени материјални, финансистки и интелекту-ални средства, со помош на највисоката научна инсти-туција во НР Бугарија, Бугарската академија на науките, бугарската партиска и државна раководна структура била уверена дека ја постигнала својата цел: усогласување на бугарската политика, наука и општествено политичка свест и мисла во однос на постоењето, односно „непостоењето“ на македонската нација, држава и македонското национално малцинство во НР Бугарија и посебно спрема Македонците што живеат во пиринскиот дел на Македонија.
Според упатствата и налогот на највисоките партиски и државни органи и личното ангажирање на првиот човек на НР Бугарија, Тодор Живков, Бугарската академија на науките во ноември 1968 година ја објавила брошурата „Македонското прашање. Историско-политичка информација“.
Тргнувајќи од дневнополитичките збиднувања во светот и меѓусебните односи на СФР Југославија и НР Бугарија, за кои зборувавме, откако ќе бидат истакнати бугарските заложби за подобрување на односите меѓу БКП и СКЈ во „интерес“ на социјализмот, авторите на оваа информација ќе ги обвинат југословенските, односно македонските партиски и државни раководители за национализам и шовинизам, истовремено тврдејќи дека тие неправилно бараат „на населението од Благоевградскиот округ да му се дадат ’слобода’, ’права’, ’културна автономија’, како на некакво одделно ’небугарско’ македонско население итн.“
Бугарската академија на науките во својата информација дава историски приказ на некои настани и личности што се збиднувале во Македонија уште за време на Филип II и неговиот син Александар III Македонски, па до најново време завршувајќи со средбите и разговорите меѓу Јосип Броз Тито и Тодор Живков во 1967 година, кога на нив учествувал и Крсте Црвенковски.
Во споменатата брошура посебно внимание им се посветува на средновековната македонска држава на Самуил, на македонските преродбеници и револуционери од ХIХ век и на нивните „заложби“ за зачувување и зацврстување на бугарската национална припадност во Македонија“.
На македонските буни и востанија од ХIХ век, како и на Илинденското востание од 1903 година им се дава бугарски карактер.
Македонските револуционери: Даме Груев, Петар Попарсов, Ѓорче Петров, Гоце Делчев, Јане Сандански, Димо Хадџи Димов и уште многу други истакнати личности заради нивното школување во бугарските образовни установи се прогласуваат за Бугари. Ист е случајот и со Димитар Благоев, и покрај тоа што е познато дека тој пред бугарската јавност не еднаш изјавил дека не е Бугарин, туку дека е Словен од село Загоричани, Костурско, Македонија.
Со појавата на социјалистичката, подоцна комунистичката идеологија, кога некои од нејзините поистакнаји следбеници ја сфатиле објективната историска стварност за постоењето на посебноста на македонскиот народ, различен од бугарскиот и српскиот, откако неа ја прифатиле и со таквата објективна историска стварност ја запознавале пошироката европска и светска јавност, според авторите на оваа информација започнале грешките и таканаречениот „нихилистички“ однос на некои истакнати бугарски партиски раководители спрема „бугарското“ население во Македонија.
Врв на таквиот „нихилизам“, според авторите на оваа информација, било признавањето на македонската нација и држава во југословенската федеративна државна заедница и на македонско национално малцинство во Бугарија на кое во периодот од 1944 до 1948 година му било овозможено слободно да ја искажува својата засебна македонска национална припадност.

И во овој случај пописите на населението во Народна Република Бугарија од 1946 и 1956 година и резултатите од нив не се предмет на разгледување во Информацијата. Во неа доследно се застапуваат старите тези: „Одвај по Петтиот конгрес на Партијата во 1948 г., и главно по Априлскиот пленум на ЦК на БКП во 1956 г., Партијата ги совлада слабостите во својата позиција во однос на македонското прашање.“
Што се однесува до Македонците во пиринскиот дел на Македонија, кои според пописите од 1946 и 1956 година претставуваа мнозинство од населението, според оваа информација, тоа население „во секој однос се чувствува како неразделен дел од бугарската нација, род од нашиот род. Мајчиниот јазик на населението во тој крај исто така е бугарскиот јазик, како што се бугарски и неговото потекло, неговото минато, битовите обичаи, песните.“
Што се однесува на македонската нација и држава во рамките на југословенската федеративна државна заедница, авторите на оваа информација, макар и прикриено, меѓу редови пројавуваат дури и територијални претензии, кога велаат:
„Бугарската комунистичка партија и НР Бугарија го признаваат постоењето на СР Македонија како составен дел на СФРЈ и се упорни во закрепнувањето на пријателските односи. Меѓутоа, БКП и нашата држава не можат да го премолчат фактот дека во СР Македонија упорно се спроведува политика на насилна денационализација на бугарското население...

(Продължава в следващия брой)

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ЕПОПЕЯ НА МАКЕДОНСКИЯ НАРОД

НИКОЛА КАРЕВ
 
ДАМЕ ГРУЕВ
“Заклевам се в името на своята чест и пред Бога, че вярно и честно ще служа на интересите на своята татковина Македония...“ (Клетва при встъпване във ВМРО)
 
 
Македонија пее
 
БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ...
Бојот започнал горе Kрушево,
горе Крушево, на Мечкин камен. (2)

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули. (2)

Жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен. (2)

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија. (2)

ГОРДА МАКЕДОНКА
Вистина е мила мамо вистина
среќна сум мамо Македонка
со душа и срце распеана
на ден Илинден родена
Гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам да играм да горам да бликам
се ќе сторам мајко да те имам
во тага и солзи, во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо вистина
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

СЕ ЗАПАЛИ ПИЛЕ ТРЕНО
Се запали пиле Трено одајчето, (2)
одајчето пиле Трено варосано,
варосано пиле Трено - падросано.

Не ми е жал пиле Трено за одајчето, (2)
тук’ ми е жал пиле Трено за чекмеџето. (2)

Внатре беа пиле Трено тапиите, (2)
тапиите пиле Трено од момите. (2)

Поезия
ВЕРНИЯТ ПЪТ
На вас, безсмъртни илинденци!
Дори като затворник зад решетка
или на път към слънчев необят,
сърцето разговаря с равносметка
на извървяното през този свят.

Повехне ли от ужас свободата,
животът е трагедия на роб,
че заедно приличат на тревата,
която плаче над забравен гроб.

Но тъжна безизходица е жажда
сърцето на доброто да тупти
и даже в поражение да ражда
величие и то да му шепти: -

През кървав ад душата ми премина
и може да разказва мълчешком,
че който носи болка за Родина,
той в нея ще намери своя дом.

Съдбата ми завинаги е твоя
като прегърната от две ръце,
че нищичко си няма, Майко моя,
освен едно премръзнало сърце.

В душата ми пищяха ветровете
на всички тиранични времена,
защото аз отглеждах вековете,
които търсят път от светлина.

Аз идвам от далечните ти рани
и нося неугасваща звезда,
че минах под илинденски камбани,
които възвестяват свобода.

Аз минах през разбитите окови
на дългото мълчание от страх
и тръгнах през изсъскани отрови
и бъдещи виелици от прах.

Аз вчера бях спасителна пътека
за още неизгряла красота
и гледах от сълзата на човека
как утре се усмихва пролетта.

Сърцето верен път е извървяло
в огромното световно колело,
когато на Родината е дало
поне това, което е могло!
АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting