Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Писмо на Груевски до Барозо
ГРЦИЈА ГИ КРШИ ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО!
(Од македонскиот печат)


Ваша Екселенцијо,
Пренесувајќи Ви ги изразите на високо почитување, Ве молам дозволете ми да Ви се обратам во врска со прашање од исклучително значење за Република Македонија, како мултиетничка демократија и земја, која без резерви и искрено се стреми кон целосна имплементација на меѓународните норми и стандарди за човековите права, вклучително и правата на припадниците на малцинствата, за што доказ е постојаното унапредување на нашиот етаблиран модел на мултиетнички и мултиконфесионален соживот.
Имено, прашањето на состојбата на припадниците на македонското етничко малцинство во Грција, кое не е признато од државата, како и проблемот со државјанството и имотите на лицата од македонско етничко потекло родени во Грција, веќе подолго време се на дневен ред на меѓународните владини и невладини организации.
Грчките власти на Македонците веќе подолго време го оспоруваат нивниот идентитет што претставува директно кршење на меѓународното право од областа на основните човекови слободи и права. Со децении, Грција води силна асимилаторска политика преку забрана за слободно декларирање на нив-ниот национален иден-титет, проследено со систематски мерки на забрана на употреба на македонскиот јазик и практицирање на културата, промена на топонимите, забрана за организирано дејству-вање и сурово казнување на македонските активисти, со чии дејствија се повреду-ваат одредбите на Европската конвенција за човекови права и Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, чиј потписник е Грција. Генерално, припадниците на македонското малцинство во Грција се предмет на силна повеќе децениска дискриминаторска политика која води кон исчезнување на македонскиот идентитет во Грција.
За потребата од покренување на ова прашање сведочи и ставот на Европската Комисија против расизмот и нетолеранцијата, која во својот трет извештај за Грција, ја анализира состојбата на македонската заедница во таа земја и ги “охрабрува властите во Грција да продолжат со напорите за подобрување на ситуацијата на припадниците на малцинските групи, вклучително и на македонската заедница”. Понатаму, ЕКРИ силно им препорачува на грчките власти да отпочнат дијалог со македонските претставници за да се најде решение за тензиите меѓу оваа група и властитее.
Вториот, и не помалку важен аспект на ова прашање е третманот на протераните лица за време на Граѓанската војна во Грција од 1946-49 година, како и на нивните потомци, без оглед на тоа дали тие живеат во Република Македонија или во други држави ширум светот. На тие лица им се оневозможува враќање во својата земја, спротивно на членот 13 став 2 од Универзалната декларација за човекови права, членот 1 од Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација и членот 14 од Европската конвенција за човекови права. Тие не можат да ги посетат своите родни места, не можат да добијат грчко државјанство врз основа на местото на раѓање доколку не се декларираат како Грци по род (без оглед што најголемиот дел од нив веќе поседувале грчко државјанство кое подоцна им е одземено), ниту можат да ја повратат сопственоста на своите имоти, со што се прави груб упад во едно од основните човекови права, правото на приватна сопственост.
Владата на Република Македонија апелира, во рамките на Вашите надлежности, лично да се заложите за доследно почитување од страна на Грција на обврските кои произлегуваат од меѓународните инструменти за човековите права, со посебен акцент врз слободно изразување на етничкиот идентитет и сите права што произлегуваат од тоа, правото на слободно движење и враќање во својата земја, како и неотуѓивото право на приватна сопственост.
Нашите очекувања се Грција, како држава членка на ЕУ и НАТО, (организации втемелени врз демократијата, владеење на правото и универзалното почитување и заштита на човековите права и слободи за сите), како и договорна страна на основните инструменти за човековите права, да започне дијалог кој ќе доведе до исполнување на препораките на ЕКРИ, што ќе претставува поттик за натамошно унапредување на добрососедските односи меѓу двете држави и ќе има позитивни импликации за состојбите во целиот регион, на неговата стабилизација, просперитет и вклучување во ЕУ и НАТО. Во времето кога принципите на демократијата и основните човекови права и слободи претставуваат услов без кој не се може, градењето на пријателство и иднина врз трагедијата на одредена популација претставува чекор кој отстапува од вредностите во кои заеднички веруваме.
Во очекување на Ваша лична заложба и ангажман поврзан со ова прашање, Ве молам, примете ги изразите на високо почитување.
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ
Скопје, 20 јули 2008 година

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај


ЕПОПЕЯ НА МАКЕДОНСКИЯ НАРОД

НИКОЛА КАРЕВ
 
ДАМЕ ГРУЕВ
“Заклевам се в името на своята чест и пред Бога, че вярно и честно ще служа на интересите на своята татковина Македония...“ (Клетва при встъпване във ВМРО)
 
 
Македонија пее
 
БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ...
Бојот започнал горе Kрушево,
горе Крушево, на Мечкин камен. (2)

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули. (2)

Жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен. (2)

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија. (2)

ГОРДА МАКЕДОНКА
Вистина е мила мамо вистина
среќна сум мамо Македонка
со душа и срце распеана
на ден Илинден родена
Гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам да играм да горам да бликам
се ќе сторам мајко да те имам
во тага и солзи, во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо вистина
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

СЕ ЗАПАЛИ ПИЛЕ ТРЕНО
Се запали пиле Трено одајчето, (2)
одајчето пиле Трено варосано,
варосано пиле Трено - падросано.

Не ми е жал пиле Трено за одајчето, (2)
тук’ ми е жал пиле Трено за чекмеџето. (2)

Внатре беа пиле Трено тапиите, (2)
тапиите пиле Трено од момите. (2)

Поезия
ВЕРНИЯТ ПЪТ
На вас, безсмъртни илинденци!
Дори като затворник зад решетка
или на път към слънчев необят,
сърцето разговаря с равносметка
на извървяното през този свят.

Повехне ли от ужас свободата,
животът е трагедия на роб,
че заедно приличат на тревата,
която плаче над забравен гроб.

Но тъжна безизходица е жажда
сърцето на доброто да тупти
и даже в поражение да ражда
величие и то да му шепти: -

През кървав ад душата ми премина
и може да разказва мълчешком,
че който носи болка за Родина,
той в нея ще намери своя дом.

Съдбата ми завинаги е твоя
като прегърната от две ръце,
че нищичко си няма, Майко моя,
освен едно премръзнало сърце.

В душата ми пищяха ветровете
на всички тиранични времена,
защото аз отглеждах вековете,
които търсят път от светлина.

Аз идвам от далечните ти рани
и нося неугасваща звезда,
че минах под илинденски камбани,
които възвестяват свобода.

Аз минах през разбитите окови
на дългото мълчание от страх
и тръгнах през изсъскани отрови
и бъдещи виелици от прах.

Аз вчера бях спасителна пътека
за още неизгряла красота
и гледах от сълзата на човека
как утре се усмихва пролетта.

Сърцето верен път е извървяло
в огромното световно колело,
когато на Родината е дало
поне това, което е могло!
АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting