Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Писмо на Груевски до Караманлис
ПРИЗНАЈТЕ ГО МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО!
(Од македонскиот печат)


Почитуван Господине Караманлис,
Ви пишувам за две исклучително важни теми, чие решавање убеден сум ќе исправи многу историски неправди, неправди кои се чувствуваат и денес, и ќе го подобри животот на многу луѓе, а секако позитивно ќе влијае на подобрување на односите помеѓу Република Македонија и Република Грција.
Имено, кон крајот на четириесеттите години, за време на Граѓанската војна во Грција, неколку стотини илјади граѓани и цели семејства во виорот на војната, во својство на бегалци ги напуштија своите домови, имоти и државата Грција во која беа родени.
Огромен дел од овие луѓе, најголем дел од нив етнички Македонци родени во Грција, дојдоа да живеат во тогашната СФРЈ, поточно во делот на денешната Република Македонија, и останаа тука засекогаш, на што веројатно влијаело и тоа што говореле ист јазик и чувствувале припадност на ист народ, македонскиот.
Еден дел од нив се раселија во други европски држави, како и во Америка, Австралија и Русија, но и оние кои се раселија исто така се најголем дел етнички Македонци, говорат ист јазик со нас, чувствуваат припадност на истата нација, македонската, а поголем дел од нив имаат и двојно државјанство, македонско, и на земјата во која живеат.
За жал, децении потоа, по нивното напуштање на родните места и живеалишта, дури и откако заврши војната, ним им беше оневозможено, односно забрането да се вратат во своите родни места, во своите родни куќи и на своите имоти.
Тоа не им беше дозволено ниту ним, ниту на нивните наследници. Колку што знам, некаде на почетокот на осумдесеттите години, во Грција се донесоа неколку закони со кои на некој начин им се одземаа нивните имоти, и ќе се согласите дека таквите закони не се согласно стандардите на ЕУ, НАТО и меѓународните стандарди за човекови права и за гарантирање на сопственоста.
Денеска овие граѓани, сега веќе државјани на Република Македонија, а родени во Грција, се тројно дискриминирани.
Прво, не можат да си ги добијат имотите назад, второ, имаат сериозни потешкотии за влегување во Грција и трето, доколку некој од нив сака, не може како и секој друг човек кој се родил и израснал во Грција, согласно грчките закони да има право на двојно државјанство, едно македонско и едно грчко, во услови кога Грција го дозволува правото на двојно државјанство.
Имајќи во предвид дека во децениите кои се зад нас, демократијата во двете држави се развиваше, а Вашата држава стана и членка на Европската унија и НАТО, институции каде особено се внимава на човековите права и на стандардите за гаранција на приватна сопственост, очекувам дека Вие како Премиер, ќе преземете мерки за исправање на оваа неправда за огромен број на луѓе со тешка судбина и животен пат.
Во Република Македонија овие граѓани се организирани во повеќе граѓански здруженија и во неколку средби со нив, тие побараа да се обратам до Вас како до Премиер на соседна држава, од која тие се чувствуваат дискриминирани.
Втората тема за која сакам да Ве замолам, а верувам дека Вие со задоволство ќе се ангажирате да помогнете, е признавањето на македонското малцинство во Република Грција и овозможување на основните права согласно меѓународните стандарди за образование на мајчин јазик (македонски), негување на културните традиции и обичаи преку различни форми на организирање, употреба на македонскиот јазик во локалните институции во местата во Грција каде тие живеат во позначаен број и други можности кои секоја демократска држава ги овозможува на сопствените граѓани кои се од етничка заедница различна од доминантната.

Господине Премиер,
Јас верувам дека Вие со добра волја ќе ги разгледате овие прашања и се надевам дека во разумен период ќе предложите решение за овие горливи проблеми.
Јас и институциите во Република Македонија Ви стоиме на располагање за секаков вид на комуникација по ова прашање, дополнителни информации, а можно е и средба на експертски групи од двете држави кои верувам во еден краток неколкумесечен период ќе ги утврдат сите факти и детали, со кои ќе ги надминеме овие проблеми, кои сигурно ќе влијаат на одржувањето на добрососедските односи.
Сите знаеме дека за решавање на овие пробле-ми потребна е пред се политич-ка волја, за која јас верувам дека вие како демо-кратска држава и земја членка на ЕУ и НАТО ќе ја имате.
Впрочем, во денешно време, кога се работи за човековите стандарди, гаранцијата на приватната сопственост и малцинските права, не се работи за тоа дали сакаме или не сакаме да ги решиме, туку потребно е стриктно придржување до меѓународните стандарди.
Господине Премиер, јас и Вие не можеме да ја промениме историјата и минатото, но со добра волја можеме да исправиме многу неправди од минатото, а секако дека можеме да влијаеме во креирањето на многу подобра иднина на нашите граѓани, доколку реално и непристрасно приоѓаме на реалните проблеми.

Со надеж на Ваш скорешен позитивен одговор,
Никола Груевски

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


ЕПОПЕЯ НА МАКЕДОНСКИЯ НАРОД

НИКОЛА КАРЕВ
 
ДАМЕ ГРУЕВ
“Заклевам се в името на своята чест и пред Бога, че вярно и честно ще служа на интересите на своята татковина Македония...“ (Клетва при встъпване във ВМРО)
 
 
Македонија пее
 
БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ...
Бојот започнал горе Kрушево,
горе Крушево, на Мечкин камен. (2)

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули. (2)

Жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен. (2)

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија. (2)

ГОРДА МАКЕДОНКА
Вистина е мила мамо вистина
среќна сум мамо Македонка
со душа и срце распеана
на ден Илинден родена
Гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам да играм да горам да бликам
се ќе сторам мајко да те имам
во тага и солзи, во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо вистина
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

СЕ ЗАПАЛИ ПИЛЕ ТРЕНО
Се запали пиле Трено одајчето, (2)
одајчето пиле Трено варосано,
варосано пиле Трено - падросано.

Не ми е жал пиле Трено за одајчето, (2)
тук’ ми е жал пиле Трено за чекмеџето. (2)

Внатре беа пиле Трено тапиите, (2)
тапиите пиле Трено од момите. (2)

Поезия
ВЕРНИЯТ ПЪТ
На вас, безсмъртни илинденци!
Дори като затворник зад решетка
или на път към слънчев необят,
сърцето разговаря с равносметка
на извървяното през този свят.

Повехне ли от ужас свободата,
животът е трагедия на роб,
че заедно приличат на тревата,
която плаче над забравен гроб.

Но тъжна безизходица е жажда
сърцето на доброто да тупти
и даже в поражение да ражда
величие и то да му шепти: -

През кървав ад душата ми премина
и може да разказва мълчешком,
че който носи болка за Родина,
той в нея ще намери своя дом.

Съдбата ми завинаги е твоя
като прегърната от две ръце,
че нищичко си няма, Майко моя,
освен едно премръзнало сърце.

В душата ми пищяха ветровете
на всички тиранични времена,
защото аз отглеждах вековете,
които търсят път от светлина.

Аз идвам от далечните ти рани
и нося неугасваща звезда,
че минах под илинденски камбани,
които възвестяват свобода.

Аз минах през разбитите окови
на дългото мълчание от страх
и тръгнах през изсъскани отрови
и бъдещи виелици от прах.

Аз вчера бях спасителна пътека
за още неизгряла красота
и гледах от сълзата на човека
как утре се усмихва пролетта.

Сърцето верен път е извървяло
в огромното световно колело,
когато на Родината е дало
поне това, което е могло!
АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting