Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА – ОСНОВЕН ДОЛГ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
СВЕТОТ ТРЕБА ДА ГО СЛУШНЕ ГЛАСОТ ЗА ИСТОРИСКАТА НЕПРАВДА
ЈАН ПИРИНСКИ


Поминаа многу години од возобновувањето на македонската државност. Но за голема жал Република Македонија не најде сили да застане цврсто во заштита на правата и слободите на Македонците коишто живеат кај нејзините соседи. Тоа долго молчење натрупа жестоки негативности за националната политика на Македонија.

По бруталното вето со кое Грција го спречи влегувањето на Р. Македонија во НАТО, политичката нестабилност во регионот излезе на виделина. Уште повеќе што Македонија ги имаше извршено неопходните реформи за достоинствено зачленување во оваа меѓународна алианса. Таквото безумно однесување на Грција вознемири многу европски земји, како и САД. Согласно привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, потпишана во 1995 г., Грција немаше право да поставува вето. Со таа своја постапка таа ја наруши договорената спогодба. Новата политичка ситуација й наметна на Македонија да проговори јасно и отворено за вистинската причина поради која Грција го стави ветото. Дали причина е само името или зад овој мотив се крие стремеж за ликвидирање на македонскиот идентитет?!... Се разбира последното е во основата на безобѕирната грчка политика.
По сите досегашни грчки политички игри во спорот за името со кои се манипулираше светската јавност, Македонија немаше друг начин да води борба, освен да извести за историската неправда извршена врз Македонците, за македонските страдалници протерани од нивните родни огништа. Љубезниот апел на премиерот Никола Груевски до неговиот грчки колега за решавање на оваа историска неправда за Македонците во и од Грција се наметнуваше како нужност. За Грција поставувањето за решавање на тоа прашање значеше да се признае дека на нејзина територија има македонско малцинство. Самото наметнување на тоа прашање ги збесна грчките државници. Тие не веруваа дека Македонија ќе се дрзне официјално да го постави тоа прашање за заедничко решавање.
Како што е познато, одговорот на Костас Караманлис на писмото на Груевски е дека во Грција нема македонско малцинство. За да се реши овој болен проблем справедливо и конечно премиерот на Република Македонија испрати писмо до претседателот на Европската комисија Жозе Барозо, а такви писма се испратени и до шефот на НАТО Јап де Хоп Шефер, и до генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун.
Барањата во нив се: претставниците на меѓународната заедница да вложат напори Грција да започне да ги почитува човековите права во согласност со меѓународните документи, а во конкретниот случај – да ги почитува правата на прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија да ги посетуваат родните огништа, да си ги вратат одземените имоти и државјанства, а Македонците што живеат на нејзина територија да ги признае за национално малцинство и да им ги даде сите права коишто се предвидуваат во меѓународните документи.

Без почитување на основните човекови права на македонското и на секое друго малцинство, Европската унија нема да може да продолжи да ги остварува планираните перспективи за слободна и обединета Европа. Бидејќи токму врз овој основен принцип се изградува и целата политичка структура на заедницата. Поради овој неизбежен факт Европската унија треба да пристапи кон решавањето на овој општоевропски проблем.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


ЕПОПЕЯ НА МАКЕДОНСКИЯ НАРОД

НИКОЛА КАРЕВ
 
ДАМЕ ГРУЕВ
“Заклевам се в името на своята чест и пред Бога, че вярно и честно ще служа на интересите на своята татковина Македония...“ (Клетва при встъпване във ВМРО)
 
 
Македонија пее
 
БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ...
Бојот започнал горе Kрушево,
горе Крушево, на Мечкин камен. (2)

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули. (2)

Жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен. (2)

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија. (2)

ГОРДА МАКЕДОНКА
Вистина е мила мамо вистина
среќна сум мамо Македонка
со душа и срце распеана
на ден Илинден родена
Гоцева лична убавица.

Рефрен:

Да пеам да играм да горам да бликам
се ќе сторам мајко да те имам
во тага и солзи, во радост и среќа.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

Вистина е мила мамо вистина
горда сум мамо Македонка
ко Пиринско цвеќе расцутена
со Егејско сонце огреана
од Вардарска вода полеана.

Дали сум пиринка, егејка, вардарка
јас сум, јас сум Македонка.

СЕ ЗАПАЛИ ПИЛЕ ТРЕНО
Се запали пиле Трено одајчето, (2)
одајчето пиле Трено варосано,
варосано пиле Трено - падросано.

Не ми е жал пиле Трено за одајчето, (2)
тук’ ми е жал пиле Трено за чекмеџето. (2)

Внатре беа пиле Трено тапиите, (2)
тапиите пиле Трено од момите. (2)

Поезия
ВЕРНИЯТ ПЪТ
На вас, безсмъртни илинденци!
Дори като затворник зад решетка
или на път към слънчев необят,
сърцето разговаря с равносметка
на извървяното през този свят.

Повехне ли от ужас свободата,
животът е трагедия на роб,
че заедно приличат на тревата,
която плаче над забравен гроб.

Но тъжна безизходица е жажда
сърцето на доброто да тупти
и даже в поражение да ражда
величие и то да му шепти: -

През кървав ад душата ми премина
и може да разказва мълчешком,
че който носи болка за Родина,
той в нея ще намери своя дом.

Съдбата ми завинаги е твоя
като прегърната от две ръце,
че нищичко си няма, Майко моя,
освен едно премръзнало сърце.

В душата ми пищяха ветровете
на всички тиранични времена,
защото аз отглеждах вековете,
които търсят път от светлина.

Аз идвам от далечните ти рани
и нося неугасваща звезда,
че минах под илинденски камбани,
които възвестяват свобода.

Аз минах през разбитите окови
на дългото мълчание от страх
и тръгнах през изсъскани отрови
и бъдещи виелици от прах.

Аз вчера бях спасителна пътека
за още неизгряла красота
и гледах от сълзата на човека
как утре се усмихва пролетта.

Сърцето верен път е извървяло
в огромното световно колело,
когато на Родината е дало
поне това, което е могло!
АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting