Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Европа не ги почитува сопствените принципи

ЕУ ГО ЗЕДЕ ГЛАВНИОТ ЗБОР ОКОЛУ ИМЕТО

(Преземено од „Утрински Весник“)

Брисел - Европските лидери повторно го зедоа главниот збор околу спорот за името на Македонија, враќајќи не’ пред Лисабонската декларација и покажувајќи ја целата стерилност со која ја водат надворешната политика, која и ним самите веќе им се удира од глава во Европската унија. Откако покажаа неспособност да ги решат кризите во регионот, единствената земја со која колку толку можеа да се пофалат дека со нивна помош стана успешен мултиетнички модел сега се на пат да ја вратат назад, бидејќи на самитот што се одржа минатата недела покажаа дека кога се во прашање интересите на една земја-членка, и генералната политика на ЕУ може да биде жртва.
Ароганцијата со која францускиот лидер Никола Саркози пред стотици новинари изјави дека е „на страната на Грција“ потврди дека Македонија е исправена пред политичка тортура без мерка, такт и без никаква гаранција дека ако искрено сака да преговара, може да дојде до заеднички прифатливо решение за името.
Во ЕУ, очигледно, заклучија дека ваква тешка одлука, каква што е самоиницијативната промена на името на државата, е можна само ако не’ соочат со тешка ситуација, бидејќи тежината на околностите ќе ја оправдаат и тежината на одлуката. Малку беше тоа што по ветото од НАТО значајно се дестабилизираше состојбата во државата, па ЕУ побрза да ни стави вето и за датумот за преговори, кои патем не значат ништо ако во Унијата нема политичка волја да се завршат воопшто, како што и’ се случува веќе со години на Турција.
За разлика од САД, кои во преговорите се водеа од силата на аргументите и од состојбите, ЕУ се води од силата на инструментите што ги поседува, а тоа може да биде само гаранција дека идните шест месеци од француското претседателствување до Македонија ќе стигнуваат ултиматуми, а во најдобар случај датум за почнување преговори во декември кој ќе се активира тогаш кога Грција ќе биде задоволна од името што ќе го прифати нашата држава. Иако во Атина глумат дека се противат на најавите за датум на Македонија, реално со француска и европска помош тоа е единствениот начин да го удвојат влогот и да не’ убедат дека загубата за државата ќе биде преголема ако, поради името, останеме без реалната, а не имагинарна перспектива во НАТО и во Европската унија. Сите потези и одлуки досега водат кон тоа дека ЕУ подготвува букурешка формула, бидејќи ако не ни дадат нешто поконкретно, нема ни шанси да не’ стават на преговарачка маса на која Македонија треба само да дава отстапки, а Грција да става ултиматуми.
Најкратко кажано, по самитот во петокот стана сосема јасно дека Брисел се подготвува да го трампа датумот за преговори со решение за спорот околу името, а осумте критериуми на Оли Рен се само декор, бидејќи прогресот во евроинтегрирањето секогаш било политичка одлука. За да се замаскира сето тоа, беше усвоен еден квази-заклучок за Македонија, во кој имаше најава за датум, но и не, бидејќи имаше премногу ако, а спорот околу името беше споменат како услов, но делумно и не, бидејќи се најде надвор од делот каде што се набројуваа условите за датумот.
Каде беа македонските дипломати и политичари додека се подготвуваше ваквото сценарио во Брисел е посебна работа, бидејќи се појавија во ЕУ кога разбирањето за ставовите на Македонија исчезна сосема. За владата на Груевски ова ќе бидат најтурбулентните шест месеци или повеќе, бидејќи ваквите силни притисоци однадвор ќе ги засилат политичките притисоци однатре, а за остварување некакви суштински реформи нема ни да има простор.
Другата лоша вест што ни стигна од ЕУ минатата недела беше разногласието околу тоа ќе има ли или не проширување откако падна Лисабонскиот договор, за кој овде упорно се вели дека само „се одлага“. Лошата вест не е дека без Договорот нема технички простор да се примаат нови земји-членки, туку тенденцијата да се искористи проширувањето за внатрешно препукување меѓу лидерите на ЕУ кои сакаат ратификација сакале гласачите или не и оние кои не се расположени да ги затворат очите пред ирскиот референдум.
Парадоксот е дека лидерите кои најмногу го поддржуваат Лисабонскиот договор (Ханс Герт Потеринг, Ангела Меркел, Никола Саркози и Жан Клод Јункер) сега тврдат дека без него нема прием на нови земји-членки, а оние кои не му се толку во прилог не гледаат никаква пречка и без него да продолжи процесот. Кратко кажано, лидерите кои го сакаат Договорот го проблематизираат проширувањето за да ги притиснат тие кои не гледаат логика во продолжувањето на ратификувањето. Зашто, ако можеше Грција да и’ стави вето на Македонија, тогаш и Саркози можеше да стави вето на заклучокот дека членството во ЕУ е ултимативна цел за земјите од Западен Балкан, место да праќа театрални пораки од прес-конференцијата дека ирското „не“ за Лисабонскиот договор е и „не“ за нови членки.
Во ЕУ одамна имаат расчистено со перспективата на регионот, но немаат со тајмингот, и не случајно на секои три месеци ја реафирмираат нивната поддршка за членство на земјите, бидејќи без тоа нема да имаат никакво влијание во Западен Балкан. Проширувањето е морковот, бидејќи кој би ги слушал нивните совети и барања, од кои некои политички болни (како независноста на Косово), ако нема перспектива во евроинтеграцијата. Дури и да се затвори ЕУ-перспективата со Лисабонскиот договор, ЕУ секогаш може да отвори нова со нови документи ако има политичка волја да го интегрира регионот, како што пишува во сите документи. Ако нема, ни Лисабон нема да ни е на помош.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


66 години, откакто ги убиха

Там е моята родна земя. Там е моят хайдушки Пирин... с очи, забити далеч в простора, чертае с остър поглед границите на моята родина – до Шар, до Егея, до Родопите и Рила.
(Из “Попътни бележки”)
 
Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.
(Доклад при учредяването на Македонския литературен кръжок)
Безсмъртни стихове за Нея
Р О Д И Н А
Над тебе Пирин
издига гранити,
обвити във сиви мъгли.
Орли над бедни села размахват крила
и хала в полята пищи.

А бяха години,
когато невинно люлеха ме празни мечти.
Животът бе ведър и лесен,
животът бе щедър и песен бе ти.

Но ето -
преминах през дим,
през масло и машини,
преминах през гнет и тегло -
вред, където се борят за хлеб.

И нещо се счупи във мене.
Простенах от болка,
но бех без изход.
Погледнах надире
и плюх озлобено и в теб,
и в самия живот.

Сега си ми близка,
по-близка от майка дори,
но днеска ме плиска
ненужно пролетата кръв,
насън ме души площадния кървав двубой
на твои герои,
платени със чужди пари.
Тежи ми, Родино,
кошмарно жестоко тежи димещата кръв
и аз ще те питам -
всичко това за теб ли бе нужно,
кажи?

Вред мрак.
И в мрака - тегло и робия.
Глад.
Остана стотици години назад.
А нейде живота пулсира,
израства завод
след завод,
бръмчат пропелери...
А моят народ
работи,
умира,
както в дълбоката бронзова ера.

Аз пак те обичам,
Родино на Гоце и Даме,
защото израснах,
защото закрепнах във Теб.
И нося в сърцето си младо
тревожното знаме и вечния устрем
на всички без покрив и хлеб.
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Македонија пее
 
БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ
Билјана платно белеше
на охридските извори.
Оздола идат винари,
винари белограѓани.

„Винари, море винари,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,/2
за свекор и за свекрва
за девер и за јатрва.“

„Билјано моме убаво,
ако ти платно згазиме
со вино ќе го платиме/2
и бела лута ракија.“

„Винари море винари,
не ви го сакам виното,
тук’ ви го сакам момчето,
што напред тера карванот,
што носи февче над око,
а мене гледа под око“.

Момчето ни е свршено,
за него вино носиме,
Билјано, моме убаво
за него вино носиме“.

НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ
Што ми е мило ем драго
на Струга дуЌан да имам./2

Рефрен:
Оф леле, леле, либе ле,
срцето ми го, џанам, изaоре!/2

На Струга дуќан да имам,
на кепенците да седам./2

Рефрен:.........

На кепенците да седам
струшките моми да гледам/2

Рефрен:.........

Струшките моми да гледам
кога ми одат на вода./2

Рефрен:.........

Над мойта земя в небето опира Пирин и мурите в буря илинденски приказки пеят
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Поезија
 
П И Т А М
Посвещавам на
д-р Благой Гущеров и
Йордан Василев


Край мурите вековни
пътеката извива,
по нея вдъхновени
вървиме ние трима.

По стръмното задъхан
за изворчето питам,
за Гоцева дружина
да зная още искам.

Разказвайте, другари,
открит е хоризонта -
за млади и за стари
достойна е борбата.

От знаме македонско
изгрява ясно слънце.
Издигнато високо
над Яне и над Гоце.

И викна ми сърцето
сред красотата дивна,
че има македонци
и с тях - и ние трима.

Пътеката хайдушка
легенди ще разказва,
а Гоцевата пушка -
музеи ще показват.

ХЕЙ, НИКОЛА
Ето слънцето изгряло -
пуска стадото навън.
Гринго лае, агне бяло
носи на гърба си трън.

Хей, Никола, зимен вятър
люшка твоя труден ден.
Аз ти казвам, куме Петър,
вечно да си вдъхновен.

Край гори и край поляни
кротко стадото пасе.
Мокри, кални, уморени -
всички топъл дом зове.

Ето слънцето изгрява,
стадото пред теб върви
и сърцето ти запява,
че си още силен ти.

Б Ъ Д Е Щ Е
Едно детенце македонец
на дансинга само отива.
До него с фото млад японец
предлага снимка да направи.

Детето с гордост македонска
погледна към баща си кротко.
То музика отново иска
и снимката държи високо.

И днес детето по-голямо
израсна с вяра македонска.
То носи слънцето на рамо
от век на век и чак до днеска.

ПЕТЪР СТОЕВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting