Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Саморазобличување на грчката држава

“ВИНОЖИТО” ПРИСЛУШКУВАНО ОД ГРЦИЈА

(Преземено од ”Нова Македонија”)

Или Американците им даваат информации на грчкото МНР и МВР или најверојатно грчката тајна служба (ЕИП) им ги прислушува телефоните на претставниците на Македонците во Грција.
Како инаку во еден строго доверлив документ објавен во грчкиот печат може да се најдат и најситните детали што претставниците на американската амбасада ги разговарале со претставници на македонското и на другите малцинства во Грција.
Имено, грчкиот весник „Прото тема“ ексклузивно објавува дека американскиот конзулат во Солун презел активности за создавање еден вид Косово во Грција, со тоа што би ги користел турското и македонското малцинство што живеат во Западна Тракија и во грчка Македонија.
Ова тврдење весникот го темели врз „строго доверлив“ документ на грчката тајна служба, чиј факсимил се објавува и во кој, како што пишува, се открива планот на САД за дестабилизација на Тракија и на грчка Македонија и за создавање криза во цела Грција.
Според весникот, потезите на Американците упатуваат на постоење на „таен план“ за создавање еден вид Косово на северната грчка граница. Наводно, на САД не им одговарало да има една голема и силна држава во регионот, туку повеќе мали и нестабилни (како Косово и Македонија...), кои лесно можат да ги контролираат и дестабилизираат. Оттаму, сметаат изворите на „Прото тема“, Американците последниве месеци се раздвижени по грчкиот север (Егејска Македонија и Епир) и исток (Тракија), области што се населени со претставници на македонското, албанското и на турското малцинство.
Документот што носи ознака „строго доверливо“, наводно, грчката агенција за разузнавање на 19 мај 2008 година го испратила во Министерството за надворешни работи, од каде што, пак, со ознаката „само за лично информирање“ е доставен до сите грчки амбасади во Југоисточна Европа, што, според „Прото тема“, ја покажува големата вознемиреност на грчката влада. Во него се алармира за потезите на вработените во американскиот конзулат во Солун, кои на 14 мај 2008 година контактирале со лидерите на муслиманите во Западна Тракија, со лидерите на „Виножито“, политичката партија на македонското малцинство во Грција и со други грчки граѓани.
Поточно, во дописот на грчката тајна служба се вели: „Претставници на американскиот конзулат во Солун на 14 мај контактирале со лидерот на ‘Виножито‘ Павле Воскопулос барајќи од него информации за бројот на европратениците што учествувале на состанокот на тема ‘Непризнаените малцинства во Грција: Турците во Западна Тракија и Македонците’, кој се одржал на 17 април во салата на Европарламентот.
Истиот тој ден истото прашање Американците му го поставиле и на Атанасиос Парисис претседателот на грчкиот комитет на ЕБЛУЛ, исто така член на ‘Виножито’“.
Американците разговарале и со повеќе претставници на македонското малцинство во Грција, грчки граѓани. Исто така, точно на истиот ден, американските службеници контактирале и со познатиот новинар во „Комотини“, Деде Абдулхалим, кој издава весник на турски јазик. Тие не се интересирале само за настаните од денешнината туку и за блиското и подалечното минато, поточно за изборите за европратеници во 1994 година. Така, на пример, го прашале Парисис како тоа, според грчкото министерство за внатрешни работи на изборите тие освоиле само 1.139 гласа, а според „Виножито“ - 6.136 гласа, на што тој им рекол дека разликата во бројките е од таму што Министерството ја сметало само бројката на гласови освоени во Леринскиот регион.
„Нова Македонија“ контактира со Парисис и Воскопулос и тие велат дека во објавениот документ на грчката тајна служба нивните разговори со американските службеници се многу прецизно цитирани, а биле дадени во телефонски разговор.
- Се прашувам како може телефонски разговор со американски дипломат да биде објавен? Дали ги следат нашите телефони и со кое право? Дали таа информација ја добиле од американскиот конзулат и како смее тоа? Како смее весникот да објавува едно такво „топ сикрет“-писмо до МНР и каква е таа игра? Ние не сме тајна терористичка организација, ниту криминалци. Ние не сакаме да сме орудие во рацете на некоја политика што е против мирот и стабилноста на Балканот, ние се бориме за спротивното - за мир и за интеграција на Балканот - изјави Парисис.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


66 години, откакто ги убиха

Там е моята родна земя. Там е моят хайдушки Пирин... с очи, забити далеч в простора, чертае с остър поглед границите на моята родина – до Шар, до Егея, до Родопите и Рила.
(Из “Попътни бележки”)
 
Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.
(Доклад при учредяването на Македонския литературен кръжок)
Безсмъртни стихове за Нея
Р О Д И Н А
Над тебе Пирин
издига гранити,
обвити във сиви мъгли.
Орли над бедни села размахват крила
и хала в полята пищи.

А бяха години,
когато невинно люлеха ме празни мечти.
Животът бе ведър и лесен,
животът бе щедър и песен бе ти.

Но ето -
преминах през дим,
през масло и машини,
преминах през гнет и тегло -
вред, където се борят за хлеб.

И нещо се счупи във мене.
Простенах от болка,
но бех без изход.
Погледнах надире
и плюх озлобено и в теб,
и в самия живот.

Сега си ми близка,
по-близка от майка дори,
но днеска ме плиска
ненужно пролетата кръв,
насън ме души площадния кървав двубой
на твои герои,
платени със чужди пари.
Тежи ми, Родино,
кошмарно жестоко тежи димещата кръв
и аз ще те питам -
всичко това за теб ли бе нужно,
кажи?

Вред мрак.
И в мрака - тегло и робия.
Глад.
Остана стотици години назад.
А нейде живота пулсира,
израства завод
след завод,
бръмчат пропелери...
А моят народ
работи,
умира,
както в дълбоката бронзова ера.

Аз пак те обичам,
Родино на Гоце и Даме,
защото израснах,
защото закрепнах във Теб.
И нося в сърцето си младо
тревожното знаме и вечния устрем
на всички без покрив и хлеб.
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Македонија пее
 
БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ
Билјана платно белеше
на охридските извори.
Оздола идат винари,
винари белограѓани.

„Винари, море винари,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,/2
за свекор и за свекрва
за девер и за јатрва.“

„Билјано моме убаво,
ако ти платно згазиме
со вино ќе го платиме/2
и бела лута ракија.“

„Винари море винари,
не ви го сакам виното,
тук’ ви го сакам момчето,
што напред тера карванот,
што носи февче над око,
а мене гледа под око“.

Момчето ни е свршено,
за него вино носиме,
Билјано, моме убаво
за него вино носиме“.

НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ
Што ми е мило ем драго
на Струга дуЌан да имам./2

Рефрен:
Оф леле, леле, либе ле,
срцето ми го, џанам, изaоре!/2

На Струга дуќан да имам,
на кепенците да седам./2

Рефрен:.........

На кепенците да седам
струшките моми да гледам/2

Рефрен:.........

Струшките моми да гледам
кога ми одат на вода./2

Рефрен:.........

Над мойта земя в небето опира Пирин и мурите в буря илинденски приказки пеят
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Поезија
 
П И Т А М
Посвещавам на
д-р Благой Гущеров и
Йордан Василев


Край мурите вековни
пътеката извива,
по нея вдъхновени
вървиме ние трима.

По стръмното задъхан
за изворчето питам,
за Гоцева дружина
да зная още искам.

Разказвайте, другари,
открит е хоризонта -
за млади и за стари
достойна е борбата.

От знаме македонско
изгрява ясно слънце.
Издигнато високо
над Яне и над Гоце.

И викна ми сърцето
сред красотата дивна,
че има македонци
и с тях - и ние трима.

Пътеката хайдушка
легенди ще разказва,
а Гоцевата пушка -
музеи ще показват.

ХЕЙ, НИКОЛА
Ето слънцето изгряло -
пуска стадото навън.
Гринго лае, агне бяло
носи на гърба си трън.

Хей, Никола, зимен вятър
люшка твоя труден ден.
Аз ти казвам, куме Петър,
вечно да си вдъхновен.

Край гори и край поляни
кротко стадото пасе.
Мокри, кални, уморени -
всички топъл дом зове.

Ето слънцето изгрява,
стадото пред теб върви
и сърцето ти запява,
че си още силен ти.

Б Ъ Д Е Щ Е
Едно детенце македонец
на дансинга само отива.
До него с фото млад японец
предлага снимка да направи.

Детето с гордост македонска
погледна към баща си кротко.
То музика отново иска
и снимката държи високо.

И днес детето по-голямо
израсна с вяра македонска.
То носи слънцето на рамо
от век на век и чак до днеска.

ПЕТЪР СТОЕВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting