Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Срам!

СМРТНИ КАЗНИ ЗА “ВИНОЖИТО”?

(Преземено од „Дневник“)

Смртни казни за членовите на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ и за грчкиот разгранок на „Хелсинки воч“ побара пратеникот од редовите на ЛАОС, Атанасиос Плеврис. Пратеникот од ултрадесничарската партија на Караџаферис на 1 април годинава во писмена форма упати пратеничко прашање до министерката за надворешни работи Дора Бакојани и до министерот за правда Сотирос Хаџигакис. Во него тој вели дека на интернет-страницата на Виножито „на картата на Европа, Скопје е именувано како Македонија“, а „Хелсинки воч“, кој се финансира од грчката влада, зборува за постоење македонски јазик. Ова за него е тотално неприфатливо и објаснува дека јазикот е „словенски“.

ПРЕДАВСТВО НА ЗЕМЈАТА

Оттука, пратеникот Плеврис го прашува министерот Хаџигакис дали има намера врз основа на член 30, параграф 1 од Кривичниот законик да побара почнување кривична постапка против двете организации. Двете организации всушност се товарат дека го кршат членот 138, според кој се предвидува најголема казна оти се однесува за повреда на територијалниот интегритет. „Оној што со употреба на сила или со закани со жива сила ќе отцепи територија од грчката држава што нејзе и’ припаѓа или ја приклучи таа територија кон друга држава, се казнува со смрт“, вели тој член. Последен пат во Грција е извршена смртна казна со стрелање на 25 август 1972 година врз Василис Лимберсис, зашто ги убил сопругата, баба му и двете деца. Грчката држава ја укина смртната казна, освен за предавство на земјата, односно за сериозни злодела од воена природа. Плеврис ја прашува министерката Бакојани по која логика МНР ги финансира „организациите што и’ служат на проскопската пропаганда“.Парламентарните служби писмото го препратиле до јавниот обвинител на Врховниот суд. Тоа се случило на 23 април, а еден месец подоцна, односно на 23 мај реагираше и „Виножито“.„Не би се занимавале со случајот доколку одговорот на министерот за правда беше сличен на тој на министерката за надворешни работи Бакојани дека Грција како демократска земја им го гарантира правото на сите свои граѓани слободно да се изразуваат и тоа секако важи и за членовите на ‘Виножито’“, се вели во соопштението на организацијата под наслов „Сега ја очекуваме врховната казна“.Според „Виножито“, предлогот на Плеврис министерот за правда го смета за основан, односно дека против етничките Македонци може да се спроведе членот 138.

ОБВИНЕТИ ЗА ИРЕДЕНТИЗАМ

„Се вративме ли во Граѓанската војна? Се изморивме монотоно повторувајќи дека прашањата за националните малцинства ги сметаме за внатрешни. Во секоја пригода велиме дека само провокатори можат да постават прашање за промена на границата. Телевизиската демократија во оваа земја систематски ги искривува нашите ставови. Политичкиот систем со сила не’ крсти иредентисти. Треба ли сега да очекуваме најтешка казна“, прашува јавно ЕФА „Виножито“.Претседателот на Грчкиот хелсиншки комитет, Димитрис Панајотис, вели дека активностите на двајцата министри, и за надворешни работи и за правда, се индикативни и ја покажуваат желбата да го напаѓаат „Виножито“ и Грчкиот хелсиншки комитет. Тие потврдуваат дека во Грција се’ уште е опасно да велиш „македонска држава“, „македонски јазик“ и „македонско малцинство“, и покрај повеќекратните осуди и препораки од Советот на Европа и од ОН дека таквиот став е неприфатлив и крши повеќе меѓународни спогодби за човекови права - изјави Панајотис за „Дневник“. Според него, фактот дека ниту една друга политичка партија, ниту пак медиум во Грција, како ни една организација на граѓанското општество не протестирала против овој акт на министрите за надворешни работи и за правда, потврдува дека за целиот грчки политички систем и општество, организациите што ги поддржуваат правата на Македонците и на Турците во Грција се отфрлени.Ова очигледно покажува дека демократијата не функционира кога се зборува за правата на малцинствата во Грција - вели Панајотис

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


66 години, откакто ги убиха

Там е моята родна земя. Там е моят хайдушки Пирин... с очи, забити далеч в простора, чертае с остър поглед границите на моята родина – до Шар, до Егея, до Родопите и Рила.
(Из “Попътни бележки”)
 
Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.
(Доклад при учредяването на Македонския литературен кръжок)
Безсмъртни стихове за Нея
Р О Д И Н А
Над тебе Пирин
издига гранити,
обвити във сиви мъгли.
Орли над бедни села размахват крила
и хала в полята пищи.

А бяха години,
когато невинно люлеха ме празни мечти.
Животът бе ведър и лесен,
животът бе щедър и песен бе ти.

Но ето -
преминах през дим,
през масло и машини,
преминах през гнет и тегло -
вред, където се борят за хлеб.

И нещо се счупи във мене.
Простенах от болка,
но бех без изход.
Погледнах надире
и плюх озлобено и в теб,
и в самия живот.

Сега си ми близка,
по-близка от майка дори,
но днеска ме плиска
ненужно пролетата кръв,
насън ме души площадния кървав двубой
на твои герои,
платени със чужди пари.
Тежи ми, Родино,
кошмарно жестоко тежи димещата кръв
и аз ще те питам -
всичко това за теб ли бе нужно,
кажи?

Вред мрак.
И в мрака - тегло и робия.
Глад.
Остана стотици години назад.
А нейде живота пулсира,
израства завод
след завод,
бръмчат пропелери...
А моят народ
работи,
умира,
както в дълбоката бронзова ера.

Аз пак те обичам,
Родино на Гоце и Даме,
защото израснах,
защото закрепнах във Теб.
И нося в сърцето си младо
тревожното знаме и вечния устрем
на всички без покрив и хлеб.
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Македонија пее
 
БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ
Билјана платно белеше
на охридските извори.
Оздола идат винари,
винари белограѓани.

„Винари, море винари,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,/2
за свекор и за свекрва
за девер и за јатрва.“

„Билјано моме убаво,
ако ти платно згазиме
со вино ќе го платиме/2
и бела лута ракија.“

„Винари море винари,
не ви го сакам виното,
тук’ ви го сакам момчето,
што напред тера карванот,
што носи февче над око,
а мене гледа под око“.

Момчето ни е свршено,
за него вино носиме,
Билјано, моме убаво
за него вино носиме“.

НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ
Што ми е мило ем драго
на Струга дуЌан да имам./2

Рефрен:
Оф леле, леле, либе ле,
срцето ми го, џанам, изaоре!/2

На Струга дуќан да имам,
на кепенците да седам./2

Рефрен:.........

На кепенците да седам
струшките моми да гледам/2

Рефрен:.........

Струшките моми да гледам
кога ми одат на вода./2

Рефрен:.........

Над мойта земя в небето опира Пирин и мурите в буря илинденски приказки пеят
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Поезија
 
П И Т А М
Посвещавам на
д-р Благой Гущеров и
Йордан Василев


Край мурите вековни
пътеката извива,
по нея вдъхновени
вървиме ние трима.

По стръмното задъхан
за изворчето питам,
за Гоцева дружина
да зная още искам.

Разказвайте, другари,
открит е хоризонта -
за млади и за стари
достойна е борбата.

От знаме македонско
изгрява ясно слънце.
Издигнато високо
над Яне и над Гоце.

И викна ми сърцето
сред красотата дивна,
че има македонци
и с тях - и ние трима.

Пътеката хайдушка
легенди ще разказва,
а Гоцевата пушка -
музеи ще показват.

ХЕЙ, НИКОЛА
Ето слънцето изгряло -
пуска стадото навън.
Гринго лае, агне бяло
носи на гърба си трън.

Хей, Никола, зимен вятър
люшка твоя труден ден.
Аз ти казвам, куме Петър,
вечно да си вдъхновен.

Край гори и край поляни
кротко стадото пасе.
Мокри, кални, уморени -
всички топъл дом зове.

Ето слънцето изгрява,
стадото пред теб върви
и сърцето ти запява,
че си още силен ти.

Б Ъ Д Е Щ Е
Едно детенце македонец
на дансинга само отива.
До него с фото млад японец
предлага снимка да направи.

Детето с гордост македонска
погледна към баща си кротко.
То музика отново иска
и снимката държи високо.

И днес детето по-голямо
израсна с вяра македонска.
То носи слънцето на рамо
от век на век и чак до днеска.

ПЕТЪР СТОЕВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting