Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кон корените на македонската национална мисла

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

Крсте Петков Мисирков
(Продължава от миналия брой)

Тоа нешчо iет iасно за сите, само не за нас македонците и за рако-водците на сегашново востааiн’е. Тиiе раковод-ци праат сите усилиiа да покажат мотивите и самото движеiн’е, како шчо се сакат ним; ама работа iет, оти не само ниiе, ами и друзите имаат разум и очи да видат и разберат, како iет истината. Комитето се срдит, зашчо консулите не осветуат работите, како шчо сет. Но ако се осветат тиiе како шчо сет, то не ке се аресат на комитето. Комитето, со друзи зборои, барат европеiцките праителства да гледаат на работите во Македониiа со македонцки очи т.е. со очите на комитето; а да беше така работата, немаше зашчо европеiцките праителства да имаат свои агенти во Македониiа. Но ако имафме ниiе морално прао да бараме от престаителите на европеiцките држаи во Македониiа точно и беспристрасно да осветл’уат своите праителства и европеiцкото обшчествено мнеiн’е за работите во Македониiа, то наш морален долг беше, да сме и ниiе осветени во европеiцките интереси во таткоината ни, особено во интересите на балканцките држаици. Ниiе требаше да знаеме, оти против нашето востаiн’е ке бидат: и Кара-Влашко, и Србиiа, и Грциiа. Кара-Влашко не можит равнодушно да гледат на усилеiн’ето на Бугариiа со дааiн’ето на Македониiа автономна управиiа. На автономиiата се гледат, како на преодна степен кон соiединуаiн’е на Македониiа со Бугариiа. Кара-Влашко не можит да допушчит на неiните граници создааiн’ето на iедна голема Бугариiа, коiа, можит, после ке барат од неiа Добруджа! По тиiа политични сообразуаiн’а, и да имат во Македониiа чисто бугарцко и само бугарцко населеiн’е, она не ке допушчат соiединеiн’ето мег’у турцките и бугарцки бугари; она не можит да допушчит во своiа пакост нарушеiн’ето на териториiалната целост на Турциiа. А Кара-Влашко iет во соiуз со троiниот соiуз, коi шчо ке покроителствуат Кара-Влашките интереси на Балканцкиiот полуостров.
Интересите на Грциiа во Македониiа сет ушче по големи. И ако немат многу грци во Македониiа, пак Грциiа iет не по малку заинтересуана во нашите работи од друзите балканцки држаици. Секоi држаа се мачит, ако не да праит нои завладуаiн’а, политични, економцки и културни, то да сочуат тиiе, што сет напраени од по напред. Грците со своiата цариградска патриiархиiа имаат наложено грцкиiо iазик во сколиiите и црквите на много македонцки краишча, каi шчо немат грци. Природно iет, да ке употребит Грциiа сите дипломатични патишча, за да се задржит во Македониiа на тиiа позициiи, каi шчо се наог’ат от средните векои, особено от времето на турцкото завладуаiн’е на Македониiа, а грцките интереси во Македониiа се бранат, не од iедна Грциiа, а и од големите сили, шчо не сакаат да се усилит словенцкиiот елемент.
Но наi много iет заинтересуана во македонцките работи Србиiа. Она предiавуат етнографцки и историiцки петензиiи на Македониiа. Но осим ниф, имат и политични причини, коiи никоi пат не ке дадат на Србиiа да допушчит, да се решит македонцкото прашаiн’е во полза на iедна од балканцките држаи, особено во полза на Бугариiа. Автономна Македониiа, како пат, по коi шчо ке се доiдит до соiединуаiн’ето на Македониiа со Бугариiа, Србиiа никоi пат не ке допушчит. Уголемуаiн’ето на Бугариiа от присоiединуаiн’ето на Македониiа не можит да бидит допушчено от Србиiа не само за то, шчо со тоа ке се нарушит рамновесiето на Балканцкиiо полуостров, а наi много за то, шчо по негоото извршуаiн’е Србиiа ке се наiдит мег’у две по силни од неiа држаи: Австро-Унгариiа и Бугариiа; она ке бидит од ниф политично и економцки задушена, и ке требит да се подчинит, или на iедната, или на другата. Значит, државните интереси на Србиiа никоi пат не ке допушчат да се образуат бугарцка Македониiа. Немат сомнуаiн’е, оти србцките интереси, како и интересите на Кара-Влашко и Грциiа, си имаат своi покроител’.
Значит, малите балканцки држаи, и ако на вид и да не играат рол’а во решеiн’ето на македонцкото прашаiн’е, коiе како да iет само во раците на големите држаи, во деiстви-телност имаат наi голем значаi.
Големите држаи заiавуат, оти они немаат непосредствени интереси во Македониiа, а работат само во име на праедноста. Но таiа праедност, како шчо рекофме, се разбират инак од грци, срби, власи, бугари, то и големите држаи, покроител’ки на малите, се iауваат предстаител’ки на своiеобразни праедности. От тука и не можит да се очекуат обшчо работеiн’е во македонцкото прашаiн’е. Задружна работа iет возможна само во наiмали реформи.
Ако iет така, то на кого се надеiафме со востааiн’ето? На Русиiа ли? Но Русиiа неколку пати официiално си изми раците пред крвопролиаiн’ето. Ниiе, на место да се л’утиме на руските предстаители: А. Зиновiев, А. А Ростковцки и Машков, по арно ке напраифме, да се позамислиме за руската политика на Балканцки полуостров. Русиiа iет словенцка и праославна држаа. Она ослободи Србиiа и Бугариiа; она поможа на Кара-Влашко, Грциiа и Црна Гора да се ослободат. Она секога iет покроителствуала праославиiето и словенството. Ако iет така, то, шчо можит да напраит за нас Русиiа, кога во Македонцките работи сет забркани неколку словенцки и праославни народи? Можит ли она за атар на Бугариiа да оскрбит друзите балканцки самостоiни праославни држаи, чиiа самостоiност iет извоiуана со руска крв и руски пари, и да напраит тиiе држаи, да се одвртат од неiа кон друзите западноевропеiцки држаи, и да се чинат во нивните раци орадиiа, напраени против Русиiа? Можит ли Русиiа со своiата политика да оттолкнит от себе балканцките праославни држаи? И шчо добиiат она за таiа загуба? Благодарноста на Бугариiа, можит! Но бугарцката благодарност iет само ден до пладне, а после бугарите ке речат, оти тоа го напраи Русиiа со своiи планои да завладит Балканцки полуостров, спасеiн’ето на коi ке се наог’ат во Англиiа, и за тоа бугарите, на место да се во соiуз со „великата освободителка”, ке се фрл’ат во скутоите, или на Англиiа, или на друзите неприiатели на Русиiа и словенството. Значит, при современата поставвка на македонцкото прашаiн’е, ниiе очекуафме за наш атар Русиiа со своiи неомислени постапоци, да се откажит од неiните интереси на далекиiот исток, и заiедно со тоа да потрпит поразиiа на блискиiот исток. Арно ама не било така, како шчо мислефме ниiе.
И така неуспехо на востааiн’ето iет iасен, како бел ден. То от самиiо зафаток iет постаено на лоша осноа: не iет обшче македонцко, но iет частично, и имат бугарцка боiа. Во него имаат раководна рол’а само македонцките слове-ни, шчо се викаат бугари. Интелеген-циiата, не само на друзите македонцки народности, ами и на самите македонцки словени, беше непри-частна во управле-iн’ето на комитето. Комитето, како таiна организациiа, се бо-iеше да пушчи каi себе равноправни членои од друзи народности, от словени србоманни и гркоманни, или пак и само со србцко и грцко образуаiн’е, от страф негоите таiни да не станат достоiаiн’е на балканцките држаици. Организациiата беше и iет завиiена во таiна, така да долните неiни членои сет слепи орадиiа за исполнуаiн’е само на работи, диктуани од горни сообразуаiн’а и интереси. Тиiа сообразуаiн’а сет само достоiаiн’е на неколцина, туку речи, самозванци, или случаiно испливели на поврхнината македонци. Тиiе луг’е сет вршителите на судбините на Македониiа. Нивната деiателност не подлежит на критика. Ако се осмелит некоi да критикуат деiателноста на таквиiа лица. се решаат да погинит од организациiата. И таква организациiа се кажуат идеална! Разбирам, оти не сите членои можат да знаiат сите работи. Но, ако и имат ограничеiн’а, то ограничениiата требит да бидат разумни. Во организациiата требит да бидат сосредоточени наiдобрите интелегентни сили во Македониiа. Требит да имат луг’е, коiи шчо можат по широко да погледат на прашаiн’ето и да измерат безпристрастно и без увлечеiн’а резултатите на секоi iеден рачкор на комитетцките работи.
Имат ли нешчо подобно во организациiата? Коiи сет во Бугариiа главните предстаители на организациiата? - Татарчев и Матов.
Можит да бидит, оти и iедниiо и другиiо сет луг’е со висок патриотизм и знаiан’е на положеiн’ето во Македониiа. Но тиiе сет приврженци на краiни мери, без да гледаат на политичното положеiн’е. После, како се видит, они мисл’ат за единствено праилна гледна точка на прашаiн’ето за народноста на македонцките словени - бугарцката; а можит, си мисл’ат оти прашаiн’ето за народноста на македонците iет второстепено и ке се разiаснит лесно со ослободуаiн’ето на Македониiа. Но они требит да гледаат во биднината деiствителноста, а не то, шчо им се аресуат. И сите друзи раководци, како Радев, Станишев, Караiовов и пр., сет од иста категориiа. Тиiе си мислеа, доста iет iедно заiавуаiн’е, оти Македониiа ке бидит за македонците. Комитетот можит да се пофалит и со по умерени раководци, но и тиiе мислеа, оти спасеiн’ето на Македониiа iет само во дуовното iединеiн’е па и господствуаiн’е на бугарите во Македониiа. Можит он да се пофалит и со луг’е, коiи шчо сакаа дуовно да се отдел’ат македонците од бугарите. Но тиiе луг’е или се ограничиiа со издааiн’ето на неколку книжки на македонцки iазик, или пак се ограничиiа со зборуаiн’е македонцки дома, или со своите земiаци.
И така бугарцката боiа на движен’ето iет главната причина на неуспеот. Ако iет така, то шчо се барат од македонцката интелигенциiа, за да се олеснат нестреките за македонците от сегашната нестрек’на авантура?
Првото нешчо, коiе шчо се барат од нас iет: да знаеме нуждите наши и на нашиiо народ.
Не еднаш на митинзите во Софиiа и друзите градишча се имаат приимано резол’уциiи со изложеiн’е на нуждите на македонците. Но тиiе резол’уциiи се имаат приимано во Бугариiа, под влиiаiн’ето на бугарцкото обшчество и от македонцката емиграциiа во Бугариiа. На тиiе митинзи не беше предстаен сиiот македонцко-словенцки народ со негоата интелегенциiа, за тоа резол’уциiите беа и не полни и iеднострани.
Македонцкиiо народ не толку се нуждаат, барем сега за сега, во официален iазик на болшинството, во генерал-губернатор од народноста со болшинство и во слободна преса, колку: во устрануаiн’е или парализуаiн’е деiателноета на националните и религiозни пропаганди; во устранеiн’ето на враждуаiн’ето мег’у приврженците на разните национални и религiозни пропаганди; во устранеiн’ето на тоа недоверiе и обособеност, коiа iет сега мег’у македонцката интелегенциiа, воспитана во разни држаици балканцки и служит на религiозно-националните пропаганди во Македониiа; во официiално признааiн’е на македонцката народност и во внесуаiн’е во нофузите и друзите официiални документи на лица от словенцки произлез од Македониiа името „македонец”; се нуждаат во земелен надел, како шчо беа сел’аните наделени со земiа при отмената на крепостничеството во Русиiа, Галициiа и др. страни. Тука идит и цел ред друзи реформи, во коiи флизаат и тиiа, шчо беа изработени од рускиiо и австро-унгарцки посланици во Стамбул и беа приемени од Н. И. В. Султано.
Задак’ата на македонцката интелигенциiа от сега на тамо ке требит да бидит да се одделат нагледно за сите: и за самите македонци, и за Турциiа, и за Балканските држаи, и за великите сили, интересите на македонците од интересите на друзите балканцки држаи и народи, и да се изучат подробно сите прашаiн’а врзани со избавуаiл’ето на нашиiо народ и нашата таткоина от сегашното големо бедствиiе, и со процветааiн’ето на нашиiо народ во дуовен и материален однос.
Таiа задак’а iет многу тешка и требуат големи заiеднични усилиiа. За тоа изучуаiн’ето на таiа задак’а и исполнуаiн’ето неiно бараат участiе во неiа от сите македонцки словени, без разлика на верцка или нацiонална боiа. За тоа македонцката интелегенциiа требит да престанит да се односит мег’у себе со недоверуаiн’е. От пропагандите, во коiи служит, к’е требит да барат слободиiа, да се наог’ат во постоiано сносуаiн’е со интелегенциiата и обшчеството од друзите пропаганди. Во слободните балканцки држаици, од време на време, македонцката интелигенциiа без разлика на пропаганди, требит да устроiат своiи македонцки собири, на коiи ке се разгледуваат и решаваат прашаiн’а за дуовното и нацiонално процветуаiн’е на македонците. Македонцката интелегенциiа секогаш, кога iет надвор от своiите официални работи, требит да зборуат мег’у себе на централното македонцко наречiе (Велешко-Прилепцко-Битолцко-Охридцко), коiе ке требит да се воведит во сите религиозни и национални пропаганди и турцките сколиiи, како задолжителен предмет. Тоа наречiе имат да бидит литературен iазик на македонците.
Ако религиозните и национални пропаганди не посакаат да воведат нашиiо iазик во своите сколиiи, се разбират, оти само тамо, каде живеiат словени, и ако забрануат на своiите учители и попои да другаруат со македонцката интелегенциiа и обшчество од друзите пропаганди, то тогаi македонската интелегенциiа и народ, без разлика на пропаганди, требит да му изнаiдат пат, со коi шчо к’е можит да се накажит таiа пропаганда. Ако таiа пропаганда се вооползуат со музавирлуци против неiните неприiатели, то интелегенциiата требит, да обiаснит на народо недостоiниiо образ на работен’е на таiа пропаганда, и да то повика, сам да се бранит животните своiи интереси. Ако народниiо протест во верцките и сколиiцки работи, во коiи требит обшчините да се признаiат слободни, се покажит од заинтересуаната пропаганда, како бунт со државна боiа и се барат државни мери против бунтовниците, то народо и интелегенциiата требит да се обрнат до консулете, како до третеiцки судиiи.
Ако неколку, или сите пропаганди се воспротиват за тиiа наши бараiн’а и настоiаваат, во сколиiите и црквите да се изучуваат и поминуваат само iазиците на пропагандите, то да се приiмат обшчи и енергични мери против сите и религиозни и национални пропаганди во Македониiа.
Слободиiата на совеста iет признаена на секаде; она iет и ке бидит признаана и каi нас. Експлуатациiата со таiа слободиiа се преследуат на секаде и требит да бидит преследуана и каi нае. Језуитите сет истерани, тукуречи, от сите европеiцки земiи, за тоа шчо експлуатираа со народната совест. Црковните ордени во Франциiа сет ограничени во сколиiцките работи, оти со ниф злоупотребуваат. Шчо iет било на секаде во Европа, можит да бидит и каi нас во Македониiа.
Секоi ке имат прао да исповедуат и мусул’манство и рисiанство во трите главни форми: праославиiе, католичество и протестанство. Религиозните потребности и убедеiн’а сет за сите неприкосноени. Но религиiата никак не требит да бидит средство за престапни политични и национални цели, како шчо iет сега во Македониiа.
Ако разгледаме сега распространените во Македониiа религиозни пропаганди, то тамо ке наiме религиозните пропаганди во поекето случаiи да служат како орадиiе за национали и политически цели. Протестанството и католичеството во Македониiа имаат само религиозни цели, оти предстаителите на тиiа пропаганди со уважеiн’е се односуат до сите и наiдробни национални особнини на сите македонцки националности. Ето зашчо никоi немат прао да се ополчит против работата на тиiа пропаганди.
Праославиiето, наi старата, наi распространената и основната религиiа на сите македонцки народности, за сожал’уаiн’е, сосим изгубило од видот своiата главна цел’а да сеiит братство мег’у народите, да облагородуат срцата на верните. На место тиiа блатородни задаки праославiето сеiит само раздор и ненавист. Оно iет сега само наi главното средство во раците на xразни пропаганди со чиста национали и политични задаки. Праославиiето во Македониiа сега iет до толку искажено, шчо и не можит да бидит реч за една праославна црасва, - сега тамо имат 3 цркви, но не православни, а: грцка, бугарцка и србцка. Зашчо тоа да бидит така? Зар црквата не требит да бидит: Едина, Саборна, Вселенцка и Апостолцка?
- Да. Црквата требит да бидит имено Едина и Соборна, а не србцка, грцка и бугарцка. Црквата каi нас си изгубила своiата главна цел’а, за тоа македонцката интелегенциiа и народо имаат полно прао да употребат. сите своiи сили да лишат црквата во Македониiа от чисто национални цели и да и поврнат тиiа цели, коiи шчо и запоедал неi неiниот Божествен Осноач: да проповедуат евангелието на сите iазици т. е. на сите народи на нивните iазици.
Ако религиооните пропаганди се постараiат да побркаат на здружуаiн’ето на македонцката интелигенциiа и македонцкиiо народ мег’у себе, то прво нешчо, коiе ке се потребат,.тоа iет, да се образуат во Македониiа: Едина, Саборна и Апостолцка црква т.е. да се возстаноит Охридската Архиепископиiа, коiа шчо ке бидит „Архиепископиiа всеiа Македониiи”.
Религиозните пропаганди можат да имаат нешчо против здружуаiн’ето на македонцката интелигенциiа и народ ,само по национални соображуаiн’а. Ако iет така, то природно iет, оти, со бараiн’ето црковна реформа, ке; се соiединит и бараiн’е сколиiцка реформа т.е. Архиепископиiата ке земит во свои раце сколиiцката работа, и ке се дообразуат во неiа со народноста на своiата паства: во грцките епархиiи и парохии ке се учит восколиiата и ке се служит во црквата на грцки iазик во влашките - на влашки; во словенцките на македонцки.
Тогаi сите наиионалии и религиозни пропаганди, коiи шчо цепиiа народо на разни групи, неприiател’цки една кон друг’а, ке се отстранат и ке настапит мир за народо, за Македониiа, за Турциiа и за Европа.
И вистина, одваi ли имат нешчо по арно од вакво свршуаiн’е на македонцката криза: за народот то iет арно, оти ке се ослободит и од интригантите од разни народности, и ке се откажит од разни поддувуаiн’а, коiи шчо го одвлекуваат од негоите мирни работи: црквата ке примирит безосновната вражда мег’у разните народности.
Таков исход на кризава iет нешчо наi арно и за Турциiа. Турцките дипломати се лажат многу, ако мисл’ат, оти ке сочуваат Турциiа во Европа поеке ако се придржуат до политиката: divide et impera. До кога имат во Македониiа почва за национални пропаганди, до кога не се отстранат причините, чуздате држаи да имаат во Македониiа поеке влиiаiн’е од самата Турциiа, до тогаi Турциiа само ке расходуат на Македониiа, а не ке имат од неiа никаква полза, до тогаi секоiа минута ке требит да се боiит да не изгубит Македониiа; а ако се признаит официално, оти во Македониiа немат неколку словенцки народности, ами имат само iедна оддел’на, ни бугарцка, ни србцка, и ако се одделит Македониiа во самостоiна архиепископиiа, наiеднаш Турциiа ке се ослободит однабркуаiн’ето во македонцките работи од сите 3 саседни држаи.
Нашите национални интереси диктуваат на македoнцката интелигенциiа и на македонцкиiо народ, да се поможит на Турциiа да излезит од затруднител’ното положеiн’е во коiе iа кладеа религиозните и националните пропаганди во Македониiа и држаите, заинтересуани во ниф. Нам не ни требит присоiединуаiн’е до Бугариiа, ни до Србиiа, ни до Грциiа. Целоста на Турциiа за нас iет по важна, от колку за Русиiа и западна Европа. Турциiа iет страната, шчо се наог’ат во наi арно географично положеiн’е. Турцкото поданство и сочувуаiн’ето на целоста на Турциiа ни даат прао на македонците да се ползуаме низ цела Турзциiа со прао граг’анство. А тоа прао можит да ни даит голема материална полза. Ето зашчо македонцката интелигенциiа, ако изучит подробно своiите интереси, то на прво место требит да постаит и за себе и за своiот народ: со сите свои морални сили да сочуат целоста на Турциiа. Во замена на тоа, ниiе ке имаме лице и прао, да се надеiаме од нашиiо великодушен гооподар, да добиiеме полна автономиiа во црковното и сколиiцко дело и полна равноправност пред законо и во местната самоупраа во Македониiа. Таква самоупраа никак не iет опасна за целоста на Турциiа. Напротив она ке уредит односите мег’у македонцките народи во вечни времиiн’а.
И така усилиiата на македонцката интелигенциiа и народо требит да се обрнат на националното соiединуаiн’е на макеонцките словени во iедно цело и на соiединуаiн’ето на интересите на сите македонцки народи. Националното и религиозно неприiател’ствуаiн’е требит да станит само iеден жалостен спомин. Солидарната работа на македонцките народности требит да се обрнит кон сочувуаiн’ето на целоста на Турциiа. Во замена на тоа, Турциiа ке раширит праините на сите македонцки народности пред законо и во административното управуаiн’е, и ке покроителствуат на националното развитiе на сите македонцки народности.
Таква мирна програма на македонците ке стретит поддржка и одобреiн’е у великите сили, заинтересуани со сочувуаiн’ето на целоста на Турцко. Великите Сили ке поможат на Турциiа да се оддалечат сите непраини за македонцките народности од националните и верцки пропаганди и да се обезпечит нивното самостоiно сашчествуаiн’е и развиiаiн’е.
Малечките Балканцки држаици, коiи шчо сет заинтересуани и поддржуат пропагандите, на прво време ке се расрдат на Императорцкото Султанцко праителство за тоа, шчо пресече „вековните” привилегиiи, но ке поминит време и они ке се примират со устранеiн’ето на пропагандите, оти тоа устранеiн’е, ке бидит во нивна полза: ке престанат да праiкаат во Македониiа секоiа година своiите милиони франкои, от коiи за ниф никога не iет имало, и не ке имат никаква полза. Тиiе милиони не само сет пропадали до сега без полза, но и имаат поддржуано неприiателство мег’у балканцките држаи, кога тиiе по своiата географцка близост и iеднакви интереси, требит, една со друга да помагаат заiедничното економцко развиваiн’е.
По горе, кога зборуаф iас за неуспео на востааiн’ето, iас рекоф, оти неуспео се должит на частичноста негоа. Јас зборуаф, оти кога се праит востааiн’е од името и во полза на сите македонцки народности, тогаi на тоа требит да се имат полномок’ност и участиiе на сите народности во организациiата.
Сега, кога зборуам iас за истеруаiн’ето на пропагандите од Македониiа, за примируаiн’ето и обiединуаiн’ето на македонцката интелегенциiа и народности, можит некоi да си помислит, оти тоа обiединуаiн’е ке ни поможит да се подигнит iедно обшчо востааiн’е, коiе шчо ке имат по голем успеф. Ке погрешит, коi ке напраит такво закл’учуаiн’е.
Јас ушче по горе рекоф, оти ниiе сме заинтересуани во целоста на Турцко. И вистина, каква полза еа нас од присоiединуаiн’ето со Бугариiа, или Србиiа, или Грциiа? Тиiе држаи сет по културни од нас, а како таквиiа само тиiе ке имаат полза од присоединуаiн’ето кон ниф Македониiа. После таквоа присоiединуаiн’е на цела Македониiа до iедна од балканцките држаици не iет возможно - друзите држаици ке побркаат на него. Возможен iет дележот на Македониiа мег’у малите држаици, или окупираiн’ето на Македониiа од Австриiа. Но можит ли да бидит по голема нестрек’а за македонците од раздел’уаiн’ето или окупациiата?
Малечките држаици балканцки без церемониiа ке земат во своiи раци сите дооди,од завоеваните части на Македониiа, а македонците ке се обрнат во просiаци, откако си загубат првен своiите национални особини.
Можит да се предречит, каква ке бидит судбата на Македониiа под Австро-Унгариiа: Босна и Ерцегевина iасно ни покажуваат, оти не ке поминат и 10 години од Австриiцката окупациiа, како ке зафатат македонците без разлика на вера и народност да си оставуат своiите катои и да се исел’уат.
А и присоiединуаiн’ето до iедна од балканцките држаици, шчо не iет никоi пат возможно, ни делеiн’ето, ни окупациiата, не сет воѕможни без револ’уциiа од натре. И имаат ли смисла тиiе револ’уциiи, кога ни обезпечит Н .И. .В Султано националното и религиозното сашчествуаiн’е и ни гарантират равноправност пред законо и во областната самоупраа со турците? А се имаат осноаiн’а да се мислит, оти Иксператорцкото праителство iет исполнено со добри намереiн’а за своiите македонцки народности. Историiата помагат да секоi народ да си видит грешките, коiи шчо имат праено, и да се чуат да не се повторуат. Сегашното востааiн’е iет многу поучно, како за нас, исто така и за турците. Јас не можам да допушчам, турците да не се поучат од него: iасно iет за секоi, па и за турците, оти Турциiа не можит поеке да сочуат Македониiа ако продолжат истата политика, кон нас, шчо iе водеше досега, Турциiа не можит да да сочуат таiа своiа провинциiа без содеiство на местното жителство. Једна воiска не iе доста, како шчо не iет доста и доволството на меншеството на населеiн’ето. Турцкото господство во Македониiа ке се сочуат само тогаi, ако во неiа имат многочислено населеiн’е, коiе шчо видит своiето благосостоiаiн’е обеспечено само под власта на Турциiа. Тоа населеiн’е ке составуат главниiо оплот на турцките интереси во Македониiа. А поддржката на болшинетвото Турциiа ке добиiит само, ако се погрижит да воведит во Македониiа истинцки реформи, способни деiствител’но да сочуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граг’ански праа и сносно економско сашчествуаiн’е. Ако тиiа потребности на поданиците не се сочуваат, и Турциiа продолжаат да бидит неискрена во прилагаiн’ето на реформите, то от тоа ке пострадат наi много пак она: 1, она ке бидит принудена со сила да воведит некоiи реформи, 2, ако и после тоа населеiн’ето не бидит оградено во национално-религиозен и економцки однос, то со тоа ке се восползуваат неприiатиелите на Турцко да напраат во Македониiа брканица за да ловат риба во матна вода.
И така првото нешчо, коiе шчо ке требит Македонцката интелегенциiа да се добиват, тоа iет: устранеiн’ето на недоверiето мег’у интелегенциiата, со разно национално и религиозно образуаiн’е, обiединуаiн’ето на таiа интелегенциiа, како во самата Македониiа, така и зад неiните граници; совместното обсудуаiн’е обшчите интереси на Македонците; устрануаiн’ето на национално-религиозната мрзн’а; воспитаiн’ето на македонцките словени во чисто македонцки национален дух; задолжителното изучуаiн’е на македонцкиiо iазик и слоесност во стредно-учебните заведеiн’а во градоите со словенцко населеiн’е; обучеiн’ето во селцките сколиiи со словенцко населеiн’е на македонцки iазик. Во словенцките села во црквата словенцко богослужеiн’е. Ако тиiа бараiн’а стретат отпор од некоiа от пропагандите, то да се молит турцкото праителство и Големите Сили, да се отдалечат од Македониiа деморализуiук’ите пропаганди, да се востаноит Охридцката Архиепископиiа, во раците на коiа да преминит црковно-сколиiцкото дело за сите рисiански народности во Македониiа.
Друго нешчо, коiе се барат од нас, iет, да се обрниме до нашите браiк’а, шчо воiуваат во таткоината ни, да сложат оражiето, за да се даит возможност на Русиiа и друзите сили, да земат сите мери, шчо зависат од ниф, да се удовлетворат сите наши религиозни, национални и економцки интереси.
Јасно ми iет, со какво негодуаiн’е ке се однесат мнозина кон тоа мое предложеiн’е. Можит, ке го наречат и предател’ство. Можит да бидит, да се наiдат и л’уг’е, коiи шчо ке речат, оти требит да се мавнат от тоiа свет лица со такви мисли.
Коi како сакат, нека речит, нека мислит и нека приiимат против мене. Долго кон народот и таткоината му диктуваат да се искажам во таква смисл’а. Јас сум iеднаш уверен, оти во постапоко ми немат нишчо предателцко: 1, оти мислите, не само на частни лица, како мене, но и на сите македонци од боiното поле и од Бугариiа, и мислите, бараiн’ата и предложеiн’ата на целиiо бугарцки народ и бугарцкото праителство, не сет во состоiаiн’е, да изменат погледите на Големите Сили и Русиiа на нуждите на македонцкиiо народ; 2, сите усилиiа по натамо одваi ли ке изменат поведеiн’ето на држаите во нашето прашаiн’е. Наi много, шчо можит да бидит, тоа iет - европеiцка конференциiа; но таiа конференциiа не можит да се зафатит по рано от пролетга, и то, тогаi ке се зафатит само, ако востааiн’ето тогаi бидит по силно от сегашното. Но можит ли да се предвидит одот на востааiн’ето? Пак и да се допушчит, оти востааiн’ето тогаi ке бидит, и по силно от сега, и ке принудит Европа, да се повикат европеiцка конференциiа, можит ли некоi да предречит, оти решеiн’ата на таiа конференциiа ке бидат во наша полза? - Одваi ли. Европеiците до сега си имаат напраено непраилен закл’учок за народноста на македонците, и ето зашчо, последните, коiи носат на своiот грб сите тешкотиiи и нестреки от сегашното востааiн’е ке имаат наi малу полза од решеiн’ето на конференциiата. Требит да бидиме слепи, за да не видиме тоа, шчо iет очигледно. Во конференциiата ке се земат цел ред мери во полза на македонцките народности. Но коiи сет тиiе народности? .- турци, бугари, срби, грци, власи, арнаути.
Кого требит да броiат на конференциiата: бугарин, србин, грк? Каде iет границата мег’у ниф? Наi после коi ке заседаат на таiа Конференциiа? Коi ке даат сведеiн’а за македонцките народности и нивните потребности? Зар не iет iасно, како бел ден, оти предстаители од нас немат да имат, оти ке решаваат нашите судби, без да не питат нас, шчо бараме ниiе, а зато, ке питат нашите неприiатели, коiи имаат своiи држаи и своiи дипломати, икоiи ке извлечат сета полза од нашата пролиена крв?!
Не браiк’а! Никаква конференциiа не не спасават. Многу по арно ке бидит, да се довериме на наi многу заинтересуаните во нашите работи држаи, особено на праославна Русиiа, коiа знаiит убао нашите нужди, а не да се надеiаме во сами себе и во некакви конференциiи. Да беше било така лесно и арно созиваiн’ето на конференциiа, и сега ке имафме друг способ трактуаiн’е на нашите работи и наместо Европа да остаит Русиiа и Австриiа да решаваат нашето прашаiн’е, сите европеiцки Големи сили ке сакаат во него да играат iеднаква рол’а. А шчо пишит англицкиiо министер-председник на кентерберiцкиiо архиiепицкоп за политиката на Големите Сили во нашите работи: „участiето на сите Сили воразрешеiн’ето на македонцкото прашаiн’е само можит да задржит, на место да ускорит, неговото разврзуаiн’е. Во дадениiо случаi наi арно iет инициiативата и наi главната рол’а да iет во раците на наi заинтересуаните големи држаи, коiи наi арно знаiат нуждите на македонците”. - Да, ниiе требит да знаiиме, оти од участiето на сиiот „концерт” можит да се очекуат големо неблагозвучiе, по малко давлеiн’е на Портата, от колку можит да се очекуат од работите на двете наi многу заинтересуани држаи. Држаите разно гледаат на прашаiн’ето, а тоа разногласiе бркат на iеднодушно давлеiн’е на Портата. Можит ли да се мислит, оти на конференциiата ке имат по големо iедногласiе, от тоа шчо го видиме сега во постапоците на двете заинтересуани држаи? Сегашната конференциiа ке бидит сосем во Друзи условиiа от тиiе, во коiи работеше конференциiата пред последната рускотурцка воiна.
Сегашната конференциiа ке изиграет само во полза на малите држаици, шчо бараат на есап на македонците да си осноат и рашират праата на нивните народности. Ако iет така, а инак не можит ни да бидит, то ексик му и конференциiата!
Једно iет така, то немат смисл’а и по накашното сопротивуаiн’е. Знаете ли, шчо мисл’ат тиiе, шчо сет за по накашното сопротивуаiн’е? - Једно имаат надеж за набркуаiн’е на Силите; друго, се надеiат на конференциiа; и трек’о, кажуваат, ако не бидит ни iедното, ни другото, то ке напраат Турцко економцки да пропаднит со долгото содржуаiн’е на голема воiска. Једнаш се видит, оти двете првни надежи не ке бидат во наша полза. А трек’ото ушче по малу. Зошчо ке питате?
Европа имат интерес, да се сочуат Турцко, ето зашчо, ке му дават средства, за да се сочуат. А коi ке и плаiк’ат тиiе пари и процентите од ниф? - Пак ниiе. Но да предположиме оти турцкото економцко разоруаiн’е не ке се отразит на нас. Но не iет ли iасно, оти, ако Турцко ослабнит економцки ниiе к’е ослабниме во неколку пати поек’е? Не знаеме ли ниiе, оти сето време, до кога ке се продолжаат борбата со четите, турцкиiо аскер ке грабит, ке насилуат и ке праит секакви друзи пакости на населеiн’ето? Народо не ке можит да вршит своiата работа, а од друта страна ке трибит да ранит гладната турцка воiска и четите?
Борбата имат, не толку национален, колку религиозен характер. Како та iет опустошител’на, во неколку пати поеке од обичната воiна! Тоа опустошеiн’е имат смисл’а, ако се имат надеж на успеф. Сиiот надеж наш iет на европеiцко набркуаiн’е. Но iасно iет, оти такво набркуаiн’е немат да последуат. Ниiе мислиме, оти Европа ке се сожалит над мирното населеiн’е, и заради него ке се набркат во нашите работи. Но имено нашите есапи не даваат на европеiците возможност да се претечат на помок’ на мирното населеiн’е. Европеiците кажуваат, оти не можат да напраат нишчо, оти секоiа мера од Европа, комитето ке приимит за пооструаiн’е на негоата агитациiа.
Значит, до тогаi, до кога ке се продолжит движеiн’ето ниiе не можеме да очекуаме деiствително набркуаiн’е во нашите работи, и до тогаi нашиiот народ ке бидит принуден да трпит наi големи бесполезни и бессмислени нестреки.
Во таков случаi имат ли смисл’а по накашната борба? - По моето мнеiн’е немат. Ниiе немаме излишни народни сили, за да и принесеме на жртва за бугарцките, србцки и грцки интереси, оти сегашната борба iет само во туг’а полза. Нашите народни сили сет нужни и за културна борба.
Да допушчиме и противното, оти сегашната борба наi после ке принудит Европа да се набркат во турцките работи и да принудат Турцко да даит равноправност на македонцките народи. Дали ниiе македонците (словените) во таков случаi ке можеме да се поздраиме со успеф? Мисл’ам не. Равноправноста ке бидит за сите народи, па и за турците, грците и пр. и пр. Значит, нашата крв се проливала за праата на тиiа народности, коiи шчо, или си седеа мирно во време на борбата, или беа против нас. Малу iет тоа, шчо ниiе проливафме крвта на нашиiот народ за туг’ите, па и за интересите на нашите неприiатели, но со нашата крв и разореiн’е, к’е се восползуваат нашите неприiатели от слободните држаици за да продолжаваат со своiите религиозни и национални пропаганди, да не дел’ат на протиоположни и неприiател’цки лагери: срби, грци и бугари.
После борбата на боiното поле, ке настапит време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме возможност, да се ползуаме со плодоите на пролиiената крв и да преуспеваме културно, ниiе, и тогаi, како и сега, ке требит да помагаме во наша вреда, то србцките, то грцките, то бугарцките интереси.
При таква национална раздвоiеност, и при полното економцко разоруаiн’е беземислени к’е станат секакви конференции, набркуан’а и реформи, оти сите ке водат кон iеден дележ на Македониiа. По сите тиiа сообразуан’а, како и по полната убеденост во тоа, оти, не само бесполезно и невозможно iет по накашното успешно сопротивуаiае, iас мисл’ам, оти наш долг iет да замолиме македонцката интелигенциiа, коiа имат влиiаiн’е на сегашното движеiн’е, да обрнит своiот поглед на сериозноста на положеiн’ето, да измислит патот и сите стредства, колку се можит по скоро, за да се искажит полно доверiе кон постапоците на заинтересуаните Големи Сили во полза на македонците, и откако ке им даiит обек’аiн’е, да прекинит, по накашната борба, да и замолит да се помогнит, морално и материiално на постраданото населеiн’е да се попраит; да замолит, да се воведат сите предложени реформи и тиiа, коiи лгчо ке наiдат Силите за нужно, како раширеiн’е на израбогениiо проект; да се отстранат пропагандите и востаноит Охридската Архиепископиiа со црковносколиiцка автономиiа, амнистиiа на емигрантите и сите четници, признаiн’е на словените во Македониiа за одделна народност: македонци, и внесуаiн’е на тоа име во официалните книги и пр.
Со полното прекратуаiн’е на востаiн’ето, ке се устаноат мег’у нас и турците односи, коiи одговараат на интересите и наши, и нивни. Тогаi ке се имат возможност да се видит, оти нашите интереси со нивните така сет сплетени, шчо, со загубуаiн’ето на iедните, губат и друзите, а сета полза извлекуваат од нашето неприiател’ствуаiн’е треки, ке се речит, малите балканцки држаи. Тоа се видит особено iасно од возможнните последици на востааiн’ето, коiи за наша и турцка стрек’а не последуваа. Зборот ми iет за делеiн’ето на Македониiа мег’у малите балканцки држаици.Востааiн’ето се дигна и разори, и нас, и турцката држаа. Вредата од него, и за нас, и за Турциiа iет громадна, но па по мала отколку, шчо можеше да бидит. Стрек’а и за нас и за Турциiа iет, шчо мег’у Бугариiа и Србиiа немаше никакво согласуаiн’е по македонцкото прашаiн’е. А такво согласуаiн’е немаше, зашчо Бугариiа мислеше да присоiединит до себе цела Македониiа сама без помок’ на друзите саседни и големите држаи. Бугариiа се излажа во расчето. Во тоа се состоит нашата и стрек’ата на Турцко. Бугариiа до сегашното востааiн’е немаше политички опит за решеiн’ето на македонцкото прашаiн’е, ето зашчо, сите маневри да се решит оно излегоа iалови. Бугариiа до сега не знаiеше, оти решеiн’ето на македонцкото прашаiн’е не iет искл’учител’но во Софиiа, ами колку во Софиiа, толку и во Белград, т.е. во согласуаiн’ето мег’у Софиiа и Белград. Тоа согласуаiн’е до сега се броiеше за државна измена, но от сега, от како си испитаа бугарцките дипломати сето безсилиiе, и при наi големите своiи усилиiа сами да решат македонцкото прашаiн’е, ке се наiдит цел ред бугарцки дипломати, коiи ке погледат на тоа согласуаiн’е, како на неизбежно зло. Сегашниiот политичен опит да беше бил у бугарите по напред, ке се пристапеше, прво до раздел’уаiкето на сферите на влиiаiн’ето во Македониiа мег’у срби и бугари, а после во време на востааiн’ето, србцките и бугарцките воiски ке навлезеа во Македониiа. Таков ке бидеше излезот на востааiн’ето при по голем опит мег’у бугарцките дипломати. За наша стрек’а, тоа патниiе се избаифме од дележот на таткоината ни и Турцко от загубуаiн’ето на iедна од прекрасните своiи провинциiи.
Востааiн’ето не донесе делеiн’ето на Македониiа: тоа iет положител’ниiот резултат од него. На тоа делеiн’е, стрек’но iет избегнато само от случаiната неопитност на нашите неприiатели. Делеiн’ето ни грозит ушче поеке вo идно време от по големата опитност на нашите неприiатели: Бугариiа можит да закл’учит со Србиiа догоор за разделеiн’е сферите на влиiаiн’ето во Македониiа. Такво разделеiн’е на сфери на влиiаiн’ето неминуемо ке донесит дележ на Македониiа, ето зашчо, iеден од наi главните долгои на македонцката интелегенциiа iет, да се отстранат еднаш на секога од Македониiа бугарцката и србцка пропаганда, да се оснуатво Македониiа своi дуовен центр за македонците и тоi центр, како и самите македонци, да немаат никакво зимаiн’е дааiн’е со соседните балканцки држаи и народи. Во таiа мера се состоiит предотврак’аiн’ето на дележот на Македониiа и сочувуаiн’ето на таiа провинциiа за Турцко. От тука iет iасно, оти арно сознаiаните интереси на турците и македонците им диктуваат, не да трошат нивните сили во мег’уусобна борба во полза на обшчите нивни неприiатели, ами да си подадат iеден на друг рака, и да отстранат сите фактори, шчо бркаат на нивните приiател’цки односи и обшчи интереси.
Со прекратеiн’ето на востааiн’ето ке зафатит во Македониiа мирна културна работа. Она ке требит од нас устаноуаiн’е арни односи кон сите народности, шчо насел’аваат Македониiа. Нашата интелигенциiа до сега не можа да устаноит наi желател’ните односи мег’у нас и друзите македонцки народности. Тоа отчасти не зависеше од неiа. Така, односите на нашиiот народ кон турците и мусул’маните у опшче поеке iет заисел от последните, отколку од нас: ако мусул’маните гледаа на рисiаните, како на л’уг’е рамни ним, то немат сомнеiн’е, оти не само ке бидеа наi арни односите мег’у рисiани и мусул’мани, ами можит, и да немаше востааiн’е. За сожал’уаiн’е, мусул’маните и до последно време не можаа да се ослободат от своiо стар предрасудок, да гледаат на рисiаните, како на по долна раса од ниф. Ќе се надеiаме, оти турцкото праителство и турцката интелигенциiа ке се уверат во сета вреда, шчо причинуат подобен предрасудок и ке се постараат да го искоренат, и со тоа ке попраат односите мег’у рисiаните и мусул’маните.
Добрите односи мег’у грците и нас македонците (словените) пак поеке зависат от првите, от колку од нас. За да се попраат тиiе, грците ке требит да се откажат от своiата „мегали идеiа” и да признаат праото на сашчествуаiн’е и на македонцката народност редом со грцката во Македониiа. Особено патриархиiата, како устаноа вселенцка, требит да престанит да посталуат, како устаноа со грцки характер. Она требит свето да чуат праата на сите рисiани, а не да пожртвуат праата на iедни во полза на друзите. Особено iет нужно, патриархиiата свето да чуат праото на националното сашчествуаiн’е на сета своiа паства. Тогаi ке се избегнит конфликтот мег’у грците и македонците, оти последните не бараат, тиiе, шчо зборуваат грцки, да имаат во своите цркви старомакедонцки iазик, а во сколиiите сегашниiот македонцки iазик, ами тоа се барат само за тиiе, шчо зборуваат македонцки. Ако пак патриархиiата продолжит преследуаiн’ето на македонцкиiот iазик мег’у македонците, и место него пропагандират грцкиiо iазик, со тоа ке натерат македонците да гледаат на неiа, како на орадиiе на грцката национална пропаганда. Во таков случаi, и грците и патриархиiата ке ни се обiаат за неприiатели на нашата народност, и наш свет долг ке ни бидит, да одбиеме сите грцки напади на нашата народност. За таiа борба мег’у рисiани ниiе свал’аме от себе одгоорност на грците и патриархиiата, оти ниiе во тоiа случаi не нападаме, ами се браниме от чузди покушеiн’а.
Наi арни можат и требит да ни бидат односите со власите. Нашите интереси никаде не се престрек’аат со влашките. Власите поеке живеiат во градоите, и сет трговци, а ниiе поеке сме во селата, и сме селцки стопани. Тиiе од власите, шчо живеiат во селата, се занимаваат со овчарство. Власите и нашиiо народ се разликуваат: по iазлк, носиiа, характер, така да никоi пат власите не можат да претендираат на нашите села, исто така, никоi пат ниiе не сме кажуале оти влашките села сет наши. Мег’у нас и власите немат никаква историiцка недоразбериiа. Власите никоi пат не сет имале, никаква власт. над нас, и никоi пат не ни се сториле никаква пакост, Исто така и они немаат нишчо патено од нас. На опаку, ушче от стредните векои мег’у нас и власите iет имало секоi пат согласiе. На таква почва можит да.се развиiит наi срдечна дружба мег’у нас и власите. Таiа дружба требит да пушчит глабоки корени мег’у двата братцки народи, за да им даит возможност, рака за рака да врват по тешкиiо пат на културниот прогрес.
Једно се устаноат праилни односи мег’у нас и друзите: рисiанцки и мусул’манцки народности, iедно се признаiит нашата народност од праител’етвото на Н. Ц. В. Султано, се внесит во нофузите името македонец, се напраат првите постапоци за нашето национално и религиозно ослободуаiн’е от пропагандите и се воведат политичните преобразуан’iа, предвидени от реформаторцките сили; iедно се приiимат мери за економцкото попрауаiн’е на нашите селцки стопани, па и до воведуаiн’ето на сите тиiе подобруаiн’а во нашето националнорелигиозно и економцко жиуаiн’е, ниiе- македонцката интелетенциiа ке требит да напраиме ушче iедно, а то ке бидит и.наi важното: да приложиме сите своiи физически, интелектуални и морални сили на нашето национално возродуаiн’е. Последното востааiн’е ни покажа, оти тоiа пат, по коi шчо одефме, сега iет погрешен и опасен. Тоi требаше много жртви, а дааше малу полза. Револ’уциiата не компрометира пред нашето праител’ство и не не исстаи во добра боiа пред европеiцкиiот свет. Но во се тоа ниiе сме малу криви. Од iеднастрана не поддупуваа кон востааiн’е; од друга - ниiе сме млад народ и се увлечефме со iедна нездрела предприiимачка. Како младите л’уг’е, кои предпочитаат во работеiн’ето скокои, на место постепено, но постоiано работеiн’е во iеден исти праец, и младите народи предпочитаваат скокоите пред постоiаната упорна работа во iеден исти праец. До сегашното наше работеiн’е, особено востаiн’ето беше неомислена младенческа работа, но они ни се опростуваат, iедно, зашчо до сега ниiе бефме млад народ, коi шчо одваi се проникнуат со своiето национално самосознаiн’е, а друго, зашчо до сега, не живеiки како оддел’на национално-религиозна iеденица, се наог’афме под влиiаiн’ето на разни национални и религиозни пропаганди. Но тоа шчо ни се прошчааше до сега, не можит да ни се опростит за од напред.
Сега ниiе не можиме поеке да гледаме на себе и своiо народ, како на iеден младенчески народ, без политичен опит. Ниiе поминафме во своiето историiцко развиiаiн’е веке важни стадиiи, коiи можит да состаат епоха во историiата на коi и да бидит народ. А ноата епоха налагат на нас ноа требност, - културно работеiн’е.
До сега работеше народот со интелегенциiа задружно, но работеiн’ето беше распределено не iеднакво: народотсе iавуаше исполнуач на планоите на интелегенциiата, кога последната не праеше нишчо поеке от состауаiн’е планои или организуаiн’е на реовл’уционо движеiн’е. Организаторцката работа iет пак работа, но не можит да се речит да iет од тешките. Подготвуаiн’ето за револ’уциiа iет работа, коiа, можит, требит нервно работеiн’е, но тоа работеiн’е не iет толку мачно и толку ценено, колку се мисл’ат револ’уционерите- младата наша интелегенциiа. Подготвуаiн’ето на iедно востааiн’е се продолжаат 5-10 години и после сите забркани во него, или умираат, или пак, ако остацат живи, требит да останат без нишчо, и да си изберат некоiа друга работа, коiа ке требит да зафатат од ноо, и за коiа, можит, и не сет сосим приготвени. Организаторцката работа не iет толку мачна и за тоа, шчо, обично, ортанизаторите често, мислеiки, оти нивниiот жиот iет по важен од жиотот на сел’аните, подстауат на наi мачните работи простите работници, или народот. За тоа организаторцката работа од iедна страна iет работа за iеден чоек, шчо предпочитат временото напрегуаiн’е на силите пред постоiаниот упорен и мачен труд, од друга страна, она iет и безнравствена, зашчо, при неа, не чоек се жртвуат во полза на обшчеството, на народот своi, или на чоешчината, а со народот праит опити за своiите фанастични планои македонцка интелегенциiо! Време iет да се помисли, да iет грешно да се праит опит со туг’и чоешки жиоти за нашите фантастични планои.
Но со тоа iас не сакам да кажам ниiе да престаниме да идеализираме и да живеiеме со народни идеали. Не! Ниiе не можиме да живуаме без идеали: само нашите идеали от сега ке требит да бидат по чисти от понапредните. От сега ниiе ке требит со нашата патриотична работа да искупиме нашите греои пред нашиiо народ. От сега ниiе ке требит да се жртвуаме за негоите интереси и со тоа да му отплатиме за негоата вера во нас и за негоото послушно и точно иеполнуан’е планоите на организациiата. Како можит нашата интелегенциiа да се одолжит пред нашиiо народ за дадените од него жртви? На тоа прашаiн’е iас одгоориф, кога зборуаф по горе за борбата со пропагандите и за постааiн’е на нашиiо народ во добри односи кон сите македонцки народности.
Но главно, како шчо напомниф пак по горе, ке се поможит на нашиiот народ со културно работаiн’е, а наi поеке со просветуаiн’ето.
Науката и литературата сет наi важниiот фактор во развиiаiн’ето на iеден народ, како народ, По степента на развиiаiн’ето на науката и литературата у iедан народ се мерит негоата култура и по ниф се дел’ат народите: на културни и не културни; културните народи владеiат, а не културните робуваат. Само со знаiаiн’е и просветеiн’е, само со културна работа ке можит нашата интелегенциiа да попраит и искупит своiите грешки пред нашиiот народ.
Ке речат некоiи, оти културната работа iет возможна само кога имат политична слободиiа; без неiа она iет не вооможна. - Вистина во таiа забелешка имат iеден дел истина, но само iеден дел. Главното, условiе за културна работа не iет полната политична слободиiа, а моралната воспитаност на народот и негоата интелегенциiа, сознаiн’ето на нравствен долг пред народот у секоi член от тоiа народ. Полната политична слободиiа не чинит за нишчо, ако iеден чоек не сознаат, оти негоиiот чоечки долг, негоиiот долг пред своiата таткоина и своiот народ iет: труд, труд и пак труд. Слободиiата чинит само за ползуаiн’е од резултатите от своiот труд, но не толку за самиiот труд, А за да можит чоек да се ползуат од резултатите на своiот труд, требит прво да се потрудит. Да работит и да се трудит можит чоек и при по стеснени политични условиiа.
За да си очистиие совеста пред народот наш за дадените од него жртви, требит, значит, да се зафатиме за културна работа. А при тоа да цените своiето работеiн’е, не по надворешниiот негов вид, а по негоата ценост, а цената на трудот се мерит со потребните за него сили. Ако гледаме така на трудот, и ако искрено сакаме да се одолжиме пред нашиiот народ, то не ке се извинуаме да немат почва за културно работеiн’е. Почва за него имат, но немат сакаiн’е. При сакаiн’ето, ако не ке можиме да печатиме много работи на нашиiот iазик; то зато нашата интелегенциiа ке можит да послужит, како жива народна енциклопедиiа, во коiа ке се имаат точни и проверени сведеiн’а по сите оддели на науката и литературата.
Но точни и проверени сведеiн’а се добиiаат при многогодишно упорно работеiн’е, и то кога се работит со сознааiн’е, да се иополнуат со работеiн’ето долгот кон таткоината и своiот народ. А таквоа многогодишно упорно работеiн’е iет по полезно, по мачно и по нравствено од револ’уционото. Оно iет исто разумно. Ползата за народот од научното работеiн’е на на шата интелегенциiа, ке се видит от тоа, шчо нашиiот народ сам со своiи очи ке можит да погледат на себе и на друзите народи, ке изучит своiите и туг’ите достоiинства и недостатоци. Једен просветен народ можит да се срамнит со iеден умен чоек; за тоа, наш долг iет, да приложиме сите своiи сили, со своiето работеiн’е да просветиме нашиiот народ.
Културното работеiн’е iет по мачно од револ’уционото, зашчо првото iет умствено, а второто поеке физическо. За ил’устрациiа земете изучааiн’ето на класическите и нои iазици и кореспонденциiата на комитетот или распределеiн’ето на четите. Револ’уционата деiател’ност iет времена и разрушаiушча, а не вечна, созидаiушча. А културниiот чоек, за да имат прао да се наричат таков, требит да созидат, а не да рушит. За да бидит здаiн’ето здрао, требит да му бидит темел’от убав. За тоа чоек не требит, само за олеснуаiн’е на своiата работа, отрицател’но да се однесуат кон много науки мачни, како старите iазици, но шчо состауваат осноаiн’ето на много положител’ни сведеiн’а и науки. Цел’ата да се добиiат положител’ни сведеiн’а от сите оддели на науката, не само за нас лично, а како членои народни, ке требит да застаит секого од нас да посветит сите своiи сили, сето своiе слободно време за изучуаiн’е на сите тиiа науки, шчо сет наi нужни за нашиiот народ и шчо требат наi много работа, зашчо за по лесните секоi пат ке се наiдат доста охотници. Ниiе, ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиiот народ и пред себе, требит да зимаме на себе, за да му поможиме, и наi мачните научни работи, а не да се изгооруаме, избираiки наi лесното, да немаме способности или призваiн’е за тиiа науки, шчо требаат наi много труд и сакаiн’е да се работит.
Културното работеiн’е iет по нравствено од револ’уционото, зашчо со првото интелегенциiата се чинит истинцки слуга на своiот народ, а со револ’уциiата она се обрнуат во немимлосрден експериментатор.
Наi после културното работеiн’е iет разумно. Интелегенциiата со него разiасиуат наi важните за себе и за народот прашаiн’а. А наi важни сет тиiа прашаiн’а, шчо сет врзани со народното самосознааiн’е.
Во последно време ниiе истапифме со бараiн’е политична слободиiа, без да се запитаме, али сме ниiе дозрели до неiа, и али сега тоа ни iет наiнужното? Нашите последни бараiн’а до колку сет праилни, или не, не земам да решаам. За мене iет по важно прашаiн’ето за нашето национално-религиозно и економцко возродуаiн’е; а тоа можит да станит само со изучааiн’ето на своiот народ, прво како одделна iединица, после во врска со друзите македонцки и балканцки народи, и наi после како член ,на словенцката фамилиiа народности. Такво изучааiн’е ке внесит разумност во нашите односи кон сите упоменати народи.
Ето приближно какво можит да бидит наi главното работен’е на македонцката интелегенциiа за дасе попраат сите грешки напраени со последното востааiн’е. И така работеiн’ето наше ке требит да бидит на почва на народното просветеiн’е: мирно, легално, евол’уциiно; оно ке имат за цел’а, интелегенциiата да бидит истинцка служанка на народот, а не на опаку. Но за да бидит таiа служба благодатна, нам ке ни требит да создадиме народни служители, народна интелегенциiа, коiа ке си посветит сите своiи сили на народното благо. Ни требит интелегенциiа со iасно сознааiн’е на моралниiот долг на чоека пред негоата таткоина и негоiот народ. Ни требит интелегенгциiа морално и умствено совршена.
Сегашната наша интелегенциiа требит да посветит сето своiо работеiн’е над моралното и умствено усовршуаiн’е на своiот народ и создааiн’е на iедна идеална македонцка интелегенциiа. Ако тоiа долг се сознаит, ако обiединуаiн’ето на нашата интелегенциiа со бугарцко, србцко и грцко образуаiн’е се достигнит, ако се парализуат работеiн’ето на пропагандите и се успеит, тиiа сосим да се отстранат од Македониiа, ако се устаноат добри односи кон сите македонцки народности и се подобрит политичното и материiалното состоiаiн’е на македонците, то, при сите дадени жртви, ке можиме краi другото да бидиме доолни од iедно: востааiн’ето ни отвори очите на грешниiот пат, по коi до сега врвифме, по коi ке врвифме и за однапред, и без востааiн’ето сами ке подготвифме почва за дележ; оно ни отвори очите на много наши нужди, коiи шчо и не и предполагафме по напред.
Даi, Боже, сегашното востааiн’е да ни послужит како iеден урок на нашиiот народ; урок за сите нас македонците, без разлика каде сме се образуале и како сме се до сега викале. Даi, Боже, сега пролиената крв да послужит како завет мег’у живите, коiи сет должни пред таiа крв да се заколнат за iедна обшча културна работа, на полза и стрек’а на нашата обшча много патена таткоина - Македониiа.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


66 години, откакто ги убиха

Там е моята родна земя. Там е моят хайдушки Пирин... с очи, забити далеч в простора, чертае с остър поглед границите на моята родина – до Шар, до Егея, до Родопите и Рила.
(Из “Попътни бележки”)
 
Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.
(Доклад при учредяването на Македонския литературен кръжок)
Безсмъртни стихове за Нея
Р О Д И Н А
Над тебе Пирин
издига гранити,
обвити във сиви мъгли.
Орли над бедни села размахват крила
и хала в полята пищи.

А бяха години,
когато невинно люлеха ме празни мечти.
Животът бе ведър и лесен,
животът бе щедър и песен бе ти.

Но ето -
преминах през дим,
през масло и машини,
преминах през гнет и тегло -
вред, където се борят за хлеб.

И нещо се счупи във мене.
Простенах от болка,
но бех без изход.
Погледнах надире
и плюх озлобено и в теб,
и в самия живот.

Сега си ми близка,
по-близка от майка дори,
но днеска ме плиска
ненужно пролетата кръв,
насън ме души площадния кървав двубой
на твои герои,
платени със чужди пари.
Тежи ми, Родино,
кошмарно жестоко тежи димещата кръв
и аз ще те питам -
всичко това за теб ли бе нужно,
кажи?

Вред мрак.
И в мрака - тегло и робия.
Глад.
Остана стотици години назад.
А нейде живота пулсира,
израства завод
след завод,
бръмчат пропелери...
А моят народ
работи,
умира,
както в дълбоката бронзова ера.

Аз пак те обичам,
Родино на Гоце и Даме,
защото израснах,
защото закрепнах във Теб.
И нося в сърцето си младо
тревожното знаме и вечния устрем
на всички без покрив и хлеб.
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Македонија пее
 
БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ
Билјана платно белеше
на охридските извори.
Оздола идат винари,
винари белограѓани.

„Винари, море винари,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,/2
за свекор и за свекрва
за девер и за јатрва.“

„Билјано моме убаво,
ако ти платно згазиме
со вино ќе го платиме/2
и бела лута ракија.“

„Винари море винари,
не ви го сакам виното,
тук’ ви го сакам момчето,
што напред тера карванот,
што носи февче над око,
а мене гледа под око“.

Момчето ни е свршено,
за него вино носиме,
Билјано, моме убаво
за него вино носиме“.

НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ
Што ми е мило ем драго
на Струга дуЌан да имам./2

Рефрен:
Оф леле, леле, либе ле,
срцето ми го, џанам, изaоре!/2

На Струга дуќан да имам,
на кепенците да седам./2

Рефрен:.........

На кепенците да седам
струшките моми да гледам/2

Рефрен:.........

Струшките моми да гледам
кога ми одат на вода./2

Рефрен:.........

Над мойта земя в небето опира Пирин и мурите в буря илинденски приказки пеят
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Поезија
 
П И Т А М
Посвещавам на
д-р Благой Гущеров и
Йордан Василев


Край мурите вековни
пътеката извива,
по нея вдъхновени
вървиме ние трима.

По стръмното задъхан
за изворчето питам,
за Гоцева дружина
да зная още искам.

Разказвайте, другари,
открит е хоризонта -
за млади и за стари
достойна е борбата.

От знаме македонско
изгрява ясно слънце.
Издигнато високо
над Яне и над Гоце.

И викна ми сърцето
сред красотата дивна,
че има македонци
и с тях - и ние трима.

Пътеката хайдушка
легенди ще разказва,
а Гоцевата пушка -
музеи ще показват.

ХЕЙ, НИКОЛА
Ето слънцето изгряло -
пуска стадото навън.
Гринго лае, агне бяло
носи на гърба си трън.

Хей, Никола, зимен вятър
люшка твоя труден ден.
Аз ти казвам, куме Петър,
вечно да си вдъхновен.

Край гори и край поляни
кротко стадото пасе.
Мокри, кални, уморени -
всички топъл дом зове.

Ето слънцето изгрява,
стадото пред теб върви
и сърцето ти запява,
че си още силен ти.

Б Ъ Д Е Щ Е
Едно детенце македонец
на дансинга само отива.
До него с фото млад японец
предлага снимка да направи.

Детето с гордост македонска
погледна към баща си кротко.
То музика отново иска
и снимката държи високо.

И днес детето по-голямо
израсна с вяра македонска.
То носи слънцето на рамо
от век на век и чак до днеска.

ПЕТЪР СТОЕВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting