Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Од историјата на пиринскиот дел на Македонија

БОРБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРАВА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАЛА

Д-р Васил Јотевски
(Продължава от миналия брой)

Следната 1967 година, Тодор Живков уште повеќе ќе го засили притисокот во правец на негирањето на македонската самостојна национална самобитност. Летото, поточно на 5 јуни 1967 година, Тодор Живков повторно имал средба со Јосип Броз Тито во Белград. Во составот на југословенската делегација се наоѓал и тогашниот претседател на Извршниот совет на СРМ, Никола Минчев.
Забележителен е фактот што од 1963 година, кога започнале средбите на највисоко партиско и државно ниво меѓу НР Бугарија и СФР Југославија и кога во југословенската делегација немало ниту еден раководител од СР Македонија, во составот на југословенските делегации 1965, 1966 и 1967 година секојпат биле различни лица, Видое Смилевски, претседател на Собранието на СР Македонија, Крсте Црвенковски, претседател на ЦК на СКМ и Никола Минчев, претседател на Извршниот совет на СРМ. Невообичаено за дипломатска практика, бидејќи учеството на раководни лица во составот на една делегација оди оддолу нагоре, а не како што бил случајот со македонските раководители.

Во досегашната документација не се споменува ниту пак е познато дека освен Крсте Црвенковски некој друг го покренал прашањето околу националните права на Македонците во пиринскиот дел на Македонија. Заради таквото сознание, сам од себе се наметнува заклучокот дека присуството на македонските партиско-државни раководители во составот на југословенските делегации во преговорите со НР Бугарија му служеле на Јосип Броз Тито само како национален колорит со кај сакал да биде опкружен.
Чувствуваме потреба да го истакнеме и интервјуто што за „Нова Македонија“ го дал Тодор Живков непосредно пред неговата посета на Белград. Интервјуто е објавено во весникот на 3 јуни 1967 година. Поставените прашања и одговорите на Тодор Живков оделе токму во правец на наметнатата политика од Т. Живков во однос на македонското национално прашање.
И покрај сиот мој напор, во прашањата на новинарот не можев да најдам ни ронка македонска национална конотација. Аналогно на тоа и одговорите се исти, воопштени.
Воочливо е и тоа што Т. Живков сепак сакал да разговара за нему „омиленото македонско прашање.“. Но, исто така е видливо дека тој сакал тоа да го прави во отсуство на Македонци. Се добива впечатокот дека во разговорите со југословенските партиско-државни раководители Тодор Живков наидувал на разбирање за „македонското прашање“. Но секојпат, „во интерес на прашањето за сестрана политичка, економска и културна соработка меѓу НР Бугарија и СФР Југославија тој ги ставал во подредена состојба формирањето на македонската нација, нејзиниот јазик, писмо и македонската национална свест“.

Во врска со таквиот однос на Т. Живков спрема македонското национално прашање се наметнуваат две прашања. Првото е дали Тодор Живков би го подредил бугарското национално прашање во интерес на добрососедските односи меѓу ФНРЈ и НРБ? Одговорот на ова прашање е категорично не. Второто прашање е зошто Тодор Живков, при преговорите со Југославија, не ги сакал македонските партиско-државни раководители, ако нив ги сметал за дел од бугарскиот народ. И на ова прашање ќе одговориме категорички. Тодор Живков бил уверен и мошне добро ја сфаќал објективната историска стварност за постоењето на македонската нација, затоа и му било полесно да се пазари со трета страна, во случајов со југословенската. Тој никојпат не си дозволил пазарење со бугарските национални и државни интереси.

Таквиот пристап на Тодор Живков при разгледувањето и разрешувањето на „македонското прашање“, што го наметнал на средбите со југословенските партиски и државни раководители, нему ќе му ја олесни работата при усвојувањето на неговите тези за патриотско воспитување на младината и народот, што ги поднел на разгледување пред Политбирото на ЦК на БКП на 12 октомври 1967 година и кои ќе бидат прифатени и утврдени на Пленумот на ЦК на БКП што се одржал на 26 и 27 декември 1967 година. Основните поставки на својот реферат Тодор Живков ги разработил во неколку заглавија и подзаглавија: насоки за претстојниот пленум на ЦК на БКП за работата со младината и Комунистичкиот младински сојуз (Комсомолот); општа оцена на дотогашната работа меѓу младината; за некои недостатоци и слабости во работата на (Комсомолот); прашања околу патриотското воспитување на младината и учеството на државните органи и институции преку кои треба да се спроведува, а пред se, преку училиштата, воените касарни, кината; театрите; Операта; естрадата; дневниот и периодичниот печат, издавачката дејност; Радиото и телевизијата; Концертната дирекција; Комитетот за труд и лични примања; раководствата во стопанските организации, органите на прогонот; судот, Јавното обвинителство, синдикатите, училиштата, Црвениот крст, дури и здравствените домови. Според него патриотското воспитување не би требало да се темели само врз делата на Димитар Благоев, Георги Димитров, социјалистичките, односно националистичките традиции, туку бугарскиот национален идеал да се темели на минатото, средновековните бугарски ханови и цареви кои владееле со бугарскиот народ и нивните територии. Меѓу бугарските ханови и цареви посебно место му било определено на средновековниот македонски владетел цар Самуил и на неговите територии со кои владеел. Се препорачувало бугарската младина да се воспитува на приврзаност и љубов кон 13-вековната историја на бугарската држава и кон родната земја, бугарските традиции и фолклор (народни песни и ора, обичаи, носии и др.). Се настојувало да се наметне ставот дека во рамките на целокупната историја на Бугарија и на бугарскиот народ секојпат влегувала и историјата на Македонија и на македонскиот народ. Затоа и честопати во написите се сретнуваат несмасни кованици од типот „Седум словенски племиња од бугарско потекло“, „Бугарски Словени“, „Македонски Бугари“ и сл. Целокупната активност требало да се одвива под непосредна контрола на државата.

Во остварувањето на поставената цел, особено во конечното зацврстување на ставовите во врска со негирањето на македонската нација и националните права на Македонците во пиринскиот дел на Македонија, овој документ претставува основен и појдовен „верификуван аргумент“ изречен од највисокиот партиски орган и тој ќе послужи на Бугарската академија на науките да ја подготви и нешто подоцна да ја објави својата историско-политичка информација за македонското прашање.
Пред да се задржиме на содржината на оваа историско-политичка информација, наоѓаме за потребно да укажеме на настаните во Чехословачка како повод за за повторното заладување на односите меѓу
СФР Југославија и Советскиот Сојуз, респективно меѓу СФРЈ и НР Бугарија.
Напорите што ги правело новото партиско и државно раководство на Република Чехословачка, на чело со Александер Дупчек, во правец на воспоставувањето на новите односи внатре во државата и на меѓународно поле, предизвикале брутална воена агресија на пет држави, членки на Варшавскиот воен сојуз: Советскиот Сојуз, НР Бугарија, Република Полска, Република Унгарија и Демократска Република Германија, која беше извршена, како што погоре споменавме, на 21 август 1968 година. Во агресијата не учествувале Република Албанија и Република Романија. Нешто подоцна, Република Албанија го напушти Варшавскиот воен сојуз.

Во 2 часот по полноќ, на 21 август 1968 година, членките на источноевропскиот воен Варшавски договор, СССР, НР Бугарија, Германска Демократска Република, Народна Република Полска и Народна Република Унгарија ја започнале воената агресијата и окупацијата на Социјалистичка Република Чехословачка. Тој настан повторно предизвикал поларизација меѓу државите на Балканот, во Европа и пошироко. Доследни на својата принципиелност и на неврзаната самостојна надворешна политика, против мешањето во внатрешните работи на други држави и решавање на сите видови недоразбирања по пат на преговори, угословенските партиски и државни раководители застанале во одбрана на правата на чехословачките народи и ја осудиле агресијата извршена од страна на споменатите држави, членки на Варшавскиот договор.

По тој повод, државниот секретар за надворешни работи на СФРЈ, Милорад Пешиќ, им врачил демарш на амбасадорите на Советскиот Сојуз, НР Бугарија, ГДР, Полска и Унгарија. Истиот ден, на 22 август, се одржал општонароден митинг за поддршка на чехословачките народи и за осуда на агресорите. На митингот во Белград присуствувале повеќе од 250 000 луѓе.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


66 години, откакто ги убиха

Там е моята родна земя. Там е моят хайдушки Пирин... с очи, забити далеч в простора, чертае с остър поглед границите на моята родина – до Шар, до Егея, до Родопите и Рила.
(Из “Попътни бележки”)
 
Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.
(Доклад при учредяването на Македонския литературен кръжок)
Безсмъртни стихове за Нея
Р О Д И Н А
Над тебе Пирин
издига гранити,
обвити във сиви мъгли.
Орли над бедни села размахват крила
и хала в полята пищи.

А бяха години,
когато невинно люлеха ме празни мечти.
Животът бе ведър и лесен,
животът бе щедър и песен бе ти.

Но ето -
преминах през дим,
през масло и машини,
преминах през гнет и тегло -
вред, където се борят за хлеб.

И нещо се счупи във мене.
Простенах от болка,
но бех без изход.
Погледнах надире
и плюх озлобено и в теб,
и в самия живот.

Сега си ми близка,
по-близка от майка дори,
но днеска ме плиска
ненужно пролетата кръв,
насън ме души площадния кървав двубой
на твои герои,
платени със чужди пари.
Тежи ми, Родино,
кошмарно жестоко тежи димещата кръв
и аз ще те питам -
всичко това за теб ли бе нужно,
кажи?

Вред мрак.
И в мрака - тегло и робия.
Глад.
Остана стотици години назад.
А нейде живота пулсира,
израства завод
след завод,
бръмчат пропелери...
А моят народ
работи,
умира,
както в дълбоката бронзова ера.

Аз пак те обичам,
Родино на Гоце и Даме,
защото израснах,
защото закрепнах във Теб.
И нося в сърцето си младо
тревожното знаме и вечния устрем
на всички без покрив и хлеб.
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Македонија пее
 
БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ
Билјана платно белеше
на охридските извори.
Оздола идат винари,
винари белограѓани.

„Винари, море винари,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,/2
за свекор и за свекрва
за девер и за јатрва.“

„Билјано моме убаво,
ако ти платно згазиме
со вино ќе го платиме/2
и бела лута ракија.“

„Винари море винари,
не ви го сакам виното,
тук’ ви го сакам момчето,
што напред тера карванот,
што носи февче над око,
а мене гледа под око“.

Момчето ни е свршено,
за него вино носиме,
Билјано, моме убаво
за него вино носиме“.

НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ
Што ми е мило ем драго
на Струга дуЌан да имам./2

Рефрен:
Оф леле, леле, либе ле,
срцето ми го, џанам, изaоре!/2

На Струга дуќан да имам,
на кепенците да седам./2

Рефрен:.........

На кепенците да седам
струшките моми да гледам/2

Рефрен:.........

Струшките моми да гледам
кога ми одат на вода./2

Рефрен:.........

Над мойта земя в небето опира Пирин и мурите в буря илинденски приказки пеят
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Поезија
 
П И Т А М
Посвещавам на
д-р Благой Гущеров и
Йордан Василев


Край мурите вековни
пътеката извива,
по нея вдъхновени
вървиме ние трима.

По стръмното задъхан
за изворчето питам,
за Гоцева дружина
да зная още искам.

Разказвайте, другари,
открит е хоризонта -
за млади и за стари
достойна е борбата.

От знаме македонско
изгрява ясно слънце.
Издигнато високо
над Яне и над Гоце.

И викна ми сърцето
сред красотата дивна,
че има македонци
и с тях - и ние трима.

Пътеката хайдушка
легенди ще разказва,
а Гоцевата пушка -
музеи ще показват.

ХЕЙ, НИКОЛА
Ето слънцето изгряло -
пуска стадото навън.
Гринго лае, агне бяло
носи на гърба си трън.

Хей, Никола, зимен вятър
люшка твоя труден ден.
Аз ти казвам, куме Петър,
вечно да си вдъхновен.

Край гори и край поляни
кротко стадото пасе.
Мокри, кални, уморени -
всички топъл дом зове.

Ето слънцето изгрява,
стадото пред теб върви
и сърцето ти запява,
че си още силен ти.

Б Ъ Д Е Щ Е
Едно детенце македонец
на дансинга само отива.
До него с фото млад японец
предлага снимка да направи.

Детето с гордост македонска
погледна към баща си кротко.
То музика отново иска
и снимката държи високо.

И днес детето по-голямо
израсна с вяра македонска.
То носи слънцето на рамо
от век на век и чак до днеска.

ПЕТЪР СТОЕВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting