Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју со Никола Груевски

ГРЦИТЕ НЕ НИ СОНУВААТ КОЛКУ МНОГУ СЕ ЛАЖАТ

(Преземено од МИА)

Скопје, 22 јуни (МИА) - Интервју на МИА со Никола Груевски, пратеник во Собранието на Република Македонија и, сосема извесно, мандатар за формирање на новата влада.

***

Г-дине Груевски, деновиве има многу шпекулации околу продолжувањето на процесот за решение на спорот со името, од Вашите изјави, кои некои аналитичари ги толкуваа како промена на Вашиот став, до шпекулациите дека Караманлис избегнал средба со Вас и, конечно, заклучоците на Европскиот совет во кои се споменува можен напредок за Македонија до крајот на 2008 година, но се чини дека тоа е во контекст на решавањето на проблемот со Грција, поврзан со името на нашата држава. Како Вие гледате на сиве овие тези?
Прво, не постои никаква промена на мојот став поврзан со проблемот со името од оној што го имав пред изборите, за време на кампањата и кој е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што тогаш го говорев во сите мои настапи, телевизски емисии, каде има и повеќе простор во детали да се дадат образложенија, во весниците и на митинзите, тоа е она што и денес го говорам и соодветно се однесувам. Значи накратко, немам никаква, ниту најмала промена на ставот поврзан со проблемот со Грција околу нашето име. Се што се шпекулираше низ медиумите беше всушност обид на моите противници по ова прашање, да прикажат слика каква што тие посакуваат и подолго време предлагаат, било тоа да се политичари, аналитичари, новинари, уредници...
Претпоставувам дека и во иднина ќе има вакви обиди, шпекулации и искривувања или намерни погрешни толкувања на моите изјави. Јас сум тој што бев, не сум го сменил ставот по ова прашање, ниту пак имам намера да го менувам. Така, ова е порака и до нив. Колку и да се трудат да ја искривуваат вистината, колку и да се обидуваат да претстават лажно некои состојби, јас останувам цврст во мојот став, без разлика дали им се допаѓа тоа или не.
Всушност, јас не сум од оние политичари кои едно говорат пред изборите, а друго по нив. Не заборавајте и тоа дека има многу луѓе во земјава, кои живеат и заработуваат од тоа да ми ги искривуваат изјавите, да прават секогаш анализи со тези кои ги оцрнуваат моите изјави и чекори, независно колку и да се погрешни тие анализи, да создаваат клима против мене и против ВМРО-ДПМНЕ. Но, за жал, тоа е дел од стариот начин на водење политика кај нас, а протагонистите се истите оние кои 17 години креираат политики и мислења, па еве до кај не доведоа. Постои и една мала, но компактна група од политичари, новинари, професори кои веројатно се дополнително мотивирани од страна на соседот за да ме напаѓаат, затоа што се свесни за мојата позиција, која воопшто не им оди во корист на нивните интереси.
Второ, со Караманлис немавме ниту обид да договориме или оствариме средба.
На дописничките во Брисел, од кои произлезе оваа шпекулација, јасно им кажав во изјавата дека средба со Караманлис воопшто не беше планирана, ниту пак случајно можеше да се сретнеме бидејки во собата каде беше самитот, бидејки тој влезе откако започна средбата, а излезе пред таа да заврши. Зошто неколку наши дописнички сакаа да прикажат дека требало да имаме средба со Караманлис, но тој ја избегнал, тие најдобро си знаат. Тоа говори за нивната професионалност. Инаку, самити на Европската народна партија, каде припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ и партијата на Караманлис, се одржуваат на секои три месеци и, речиси секогаш јас присуствувам на таквите самити, исто како и Караманлис. Ако некогаш оценам дека евентуална средба може да донесе добар резултат за Македонија, јас самиот ќе побарам да се сретнам со него. Но, сегашното негово однесување, неговите изјави, постапки и однесување, јасно кажуваат дека таквата средба не би дала никаков ефект, освен да ги чуеме истите фрази, кои ако неговата земја не беше членка на ЕУ и НАТО, сите европски и демократски држави јавно ќе ги оценеа за недемократски.
Трето, заклучоците на Европскиот совет воопшто не се толку тврди и, би рекол, дека дури не кореспондираат со реалноста што ја сервираа некои новинари кои известуваат од и за Брисел. Еве зошто. Од една страна во извештајот првпат официјално Европскиот совет спомнува дека постои можност до крајот на 2008-ма да ги започнеме преговорите за членство, односно да го поминеме следниот чекор, како што стои во заклучокот, се разбира напоменувајќи: доколку ги исполниме сите критериуми од Копенхаген, оние споменати во 2005-та и осумте бенчмаркови, нешто што беше очекувано.
Во друга реченица е нагласена важноста на решението за спорот со Грција околу името, но директно не е поставено како услов, туку само се насетува. Сепак, во реалноста, надвор од овој документ, проблемот со името е главниот услов, централен услов, услов за кој, ако се најде решение, ЕУ е подготвена да толерира многу други задачи доколку не успееме навреме да ги завршиме, но истовремено, се чини, од она што може да се насети, дека доколку сите можни услови ги исполниме до максимум и над сите очекувања, блокадата од Грција е сосема извесна. Грчката влада и нејзиниот премиер се уште го сонуваат својот балкански сон на победник над Америка и Европа, и супериорност над Македонија и мислам дека ќе направат се за да останат во таа политичка идила уште некое подолго време. Убедени дека времето работи за нив и дека со текот на времето ние ќе потклекнеме и ќе прифатиме невозможни работи, тие се со намера секаде да не кочат и да не блокираат. Не ни сонуваат колку многу се лажат. Не ја научиле лекцијата од деведесетите кога ни воведоа ембарго неколку години, а немаа воопшто никаков успех во притисокот за решение за спорот, туку напротив, само ги зголемија разликите.
И уште една забелешка, во Македонија неколку новинари, кои со години пласираат дезинформации повикувајќи се на анонимни дипломатски извори во Брисел, пласираа вести дека со заклучоците сме казнети поради инцидентите на изборите во десетина општини во Македонија и дека во заклучоците доминираат забелешките за изборите. Морам да нагласам дека во заклучоците нема ниту збор за изборните инциденти, што не значи дека инцидентите не ни прават штета на имиџот на земјата. Но, пак се прашувам, зошто толку се мотивирани да шпекулираат на штета на сопствената држава, зошто, на пример, не се стават за момент во функција на интересите на државата, наспроти желбата за сензационализам, поттикнат од партиска природа, а затскриен зад изразот „анонимни извори од Брисел“. Еве, нека кажат сега кој ги излажа и зошто тие го излажаа нашиот народ во нивните извештаи и прилози.
Се прашувам до кога неколку новинари на нашите граѓани ќе им го матат умот со анонимни изјави од странски политичари и ќе ги манипулираат...

Веројатно сметаат дека имате силен внатрешен отпор и дека ќе мора да попуштите или можеби сметаат на нов конфликт? Факт е дека извесни политичари и новинари шират малодушност и страв дека Македонија нема да успее, дека ќе има сериозни проблеми итн. Кој е Вашиот коментар?
Внатрешниот отпор е главно од десетина луѓе кои македонските граѓани ги избркаа од политиката, па сега заработуваат како т.н. ,,независни аналитичари“, колумнисти, божемни експерти, бивши, повторувам бивши, а не сегашни -државни функционери, водачи на невладини организации и слично. Едноставно граѓаните ги остранија од политичката сцена, или ги маргинализираа до крајни граници. Сите тие многу би сакале да се актуелни политичари, но од немајкаде се во невладини организации или секој ден даваат изјави како некакви експерти за се и сешто, а не како луѓе кои излегле на избори и добиле доверба од граѓаните. Нормално, силната поддршка која ја имаат од одреди медиуми или поединци во одредени медиуми, не е случајна. Такви „случајни“ поддршки ретко можете да забележите во Грција во изминатите 15 години.
Би сакал да упатам порака до сите оние кои се сомневаат дали Македонија ќе успее и кои сеат страв наоколу инспирирани исклучиво од лукративни цели, односно веројатно од јахти, или други мотивациони средства: Македонија веќе успеа. Сега тоа не е веќе прашање, сега треба да престанат да се сомневаат во сопствената држава и во сопствениот народ и да почнат да веруваат во сопствената иднина. Македонија успева. Ние ќе продолжиме и понатаму со сопствени сили да ги браниме нашите аргументи, да работиме за подобар живот на нашите граѓани, за просперитетна иднина на нашите деца, зашто, на крајот на краиштата, европските стандарди се нешто што треба да го имплементираме самите, тоа не доаѓа како подарок, ниту пак е нешто што е толку далеччо и недостижно. Напротив, со силна работа, со посветеност, како што докажавме сите заедно во Република Македонија дека можеме да работиме, нема цел што не е остварлива. А тој што се прашува дали ќе успееме, како што кажав, веројатно има причина и мотив што така прашува. На нив историјата ќе им суди.

Ве обвинуваат дека не го кажувате својот став, всушност дека немате став по прашањето на проблемот за името.
Мојот став е стопати повторен, го има и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ на 146-та страница, а оние кои ме обвинуваат за немање став, многу добро го знаат тоа, но можеби не им одговара. И да потсетам, ние сме единствената партија во Македонија што излезе со конкретен став по ова прашање.
Жалам што тие што ме обвинуваат за ова се истите оние кои почесто од Караманлис и Бакојани јавно повторуваат секој ден дека треба да ја промениме стратегијата и да отстапиме од двојната формула. Потребата толку многу често да и го кажуваат тоа на јавноста говори се, и јас не треба да дообјаснувам. Истите луѓе се и против референдумот, обвинувајќи ме дека бегам од одговорност. Граѓаните нека пресудат кој е во право, јас кој што мислам дека за едно вакво прашање не може да се игнорира мислењето на граѓаните или моите противници кои сметаат дека нема потреба да се прашува народот, туку да се направи отстапка и да се изгласа во парламент, без притоа да се прашаат граѓаните. Жално е само што притоа овие другите и нанесуваат штета на Македонија и на нашата преговарачка позиција.

Но, дали сметате дека со референдум е можен конпромис и решение на проблемот?
Да. Погрешно е мислењето дека граѓаните не се свесни за фактот дека овој проблем ќе се надмине со компромис. Но, каков ќе биде тој компромис, тоа е големо прашање. Колку тоа ќе не чини, дали ќе го загрози нашиот идентитет, и многу други детали, се прашања за кои сум сигурен дека македонските граѓани се поголеми експерти, отколку некои брутално исфрлени од политиката или крајно маргинализирани политичари, односно експолитичари, или пак некој од нив кои не успеале ниту еднаш да ја добијат довербата на граѓаните за да се најдат на управувачка државна позиција, а кои едвај чекаат да се најдат на некој платен список и да заработат.

Грците изјавија дека нема да потпишат документ за решение за името кој подоцна ќе оди на референдум во Македонија...
Ниту ние ќе потпишеме документ со кој го решаваме проблемот со Грција околу името пред да биде изнесен на референдумско изјаснување.

Која партија ќе биде албански партнер во новата влада и како ќе го поставите прашањето за името со нив?
Од утре, откако ќе го добијам мандатот за формирање влада, ќе започнам консултации по ова прашање. Во овие консултации треба да се види која од албанските партии може да ја прифати „Преродбата во 100 чекори, проширена и надградена, 2008-2012“. Какви ќе бидат нивните гледишта за наредните четири години, за сите прашања, вклучувајки ги и најчуствителните. Меѓу нив, секако е и прашањето за името. Сите детали ќе ги ставиме на маса и на крај во партијата и коалицијата ќе донесеме одлука.
Слушам дека некои мои противници полагаат надежи дека албанскиот партнер ќе не притиснел за промена на ставот по ова прашање.
Прво, албанскиот партнер сигурно нема да сака да се донесе одлука со која мнозинството граѓани на Македонија, па макар најголем дел од нив биле Македонците, ќе имаат проблем, силно спротиставување и фрустрација. Како што и јас не би сакал да донесам одлука за така важно прашање за кое македонските Албанци во најголем дел би се чуствувале силно погодени и фрустрирани. Второ, албанскиот партнер во никој случај не е повеќе загрижен или посветен на остварување на приоритетот Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, и оваа теза во најмала рака ја потврдува односот на македонските партии кон одржување фер и демократски избори и, од друга страна, односот на албанските партии кон одржувањето фер и демократски избори. Подготвеноста за некој процес да се истера што побрзо се покажува на дело, а не со зборови.
Трето, имајќи ги предвид односите на силите во Собранието, не важат тезите дека албанскиот партнер ќе направи некаков пресврт по ова прашање. Сепак, морам да нагласам дека воопшто нема да ми биде сеедно, ако партнерите во владата имаат силно спротиставен став по ова многу важно прашање.

Деновиве доаѓа Метју Нимиц, што очекувате од неговата посета?
Посредникот Нимиц, како и САД, вложуваат многу напори да се реши ова прашање. Сепак, сосема е очигледно дека премиерот на Грција нема намера да го затвори ова прашање во блиска иднина. Пред се заради внатрешно политички прашања и проблеми и заради убеденоста дека времето работи за него, тој разви стратегија за пролонгирање на решението и мислам дека тешко ќе се откаже од таа стратегија додека не се убеди дека оваа стратегија не му го решава ова прашање. За решение на ваков проблем потребна е воља кај двете страни. На другата страна има остра реторика, навредливи постапки и опиеност од „триумфот“ во Букурешт. Па погледнете до каде се спуштија, да малтретираат обични граѓани за да покажат сила. На граничните премини барале од наши граѓани да метат улица, не дозволуваат прелет на авионите на МАТ... Еден дипломат иронично коментираше дека авионот лета толку високо што никој во Грција не може да го види, а камоли да прочита што пишува на него.
Но, да се вратам на прашањето, секое доаѓање на Нимиц го гледам како шанса за прогрес и со сериозност ги анализираме сите негови предлози и размислувања. Независно на анализите кои говорат дека Грција не сака брзо и фер решение, за што постојано повторуваат дека го посакуваат, нашиот однос ќе биде максимално професионален и со сите сили ќе се обидуваме да се реши ова тешко прашање. Ќе бидам среќен ако се случи пресврт.

Што е наша задача?
Што помалку конфронтирајќи се меѓу себе, да дадеме максимум напори и да покажеме максимум воља за надминување на проблемот, како да не го знаеме планот на Караманлис. Принципиелна поставеност и посветеност со многу напори, не заборавајќи на она што ни е важно во овој процес. Не е првпат да имаме ваква ситуација. Потсетете се на лисабонската декларација каде ЕУ одлучи Македонија да го смени името и при тоа во новото име да не е содржан зборот Македонија. Мислам дека денешните политичари во ЕУ се срамат од таквите одлуки во почетокот на деведесетите од нивните претходници. Или пак на двегодишното ембарго од Грција, кое беше истовремено и со ембаргото на ООН кон Србија.

Како се однесува Атина на преговорите?
Според информациите што ги добивам, ова што го имаме сега не се преговори. Особено не - последните средби во Њујорк. Ова е обид за едностран диктат, проследен со навреди и закани. Класично уценување. Нема борба со аргументи, туку демонстрација на сила. Не се говори со силата на аргументите, туку со аргументот на силата. Грчкиот преговарач, крајно арогантно кажува што ќе може, а што не ќе може и тука нема многу преговори. И постојано бара начин за одложување на изнаоѓањето решение. На пример, се говори дека едвај се согласиле да го примат Нимиц во Атина, со смешни образложенија. Мислам дека еден ден, можеби по 30 или 40 години, грчкиот народ ќе се срами од ова што нивните политичари и го прават на Македонија. Оваа генерација политичари кај нашиот јужен сосед, за да ги прикријат своите слабости во водењето на земјата, како и многуте афери, креираа таква хистерија кај народот на таа земја по ова прашање, што сега и самите тие не можат да ја контролираат таквата ситуација. Тоа е жално. Да, сигурно еден ден ќе се срамат од ова.

Дали ова лето ќе одите на одмор во Грција?
Не.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


66 години, откакто ги убиха

Там е моята родна земя. Там е моят хайдушки Пирин... с очи, забити далеч в простора, чертае с остър поглед границите на моята родина – до Шар, до Егея, до Родопите и Рила.
(Из “Попътни бележки”)
 
Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.
(Доклад при учредяването на Македонския литературен кръжок)
Безсмъртни стихове за Нея
Р О Д И Н А
Над тебе Пирин
издига гранити,
обвити във сиви мъгли.
Орли над бедни села размахват крила
и хала в полята пищи.

А бяха години,
когато невинно люлеха ме празни мечти.
Животът бе ведър и лесен,
животът бе щедър и песен бе ти.

Но ето -
преминах през дим,
през масло и машини,
преминах през гнет и тегло -
вред, където се борят за хлеб.

И нещо се счупи във мене.
Простенах от болка,
но бех без изход.
Погледнах надире
и плюх озлобено и в теб,
и в самия живот.

Сега си ми близка,
по-близка от майка дори,
но днеска ме плиска
ненужно пролетата кръв,
насън ме души площадния кървав двубой
на твои герои,
платени със чужди пари.
Тежи ми, Родино,
кошмарно жестоко тежи димещата кръв
и аз ще те питам -
всичко това за теб ли бе нужно,
кажи?

Вред мрак.
И в мрака - тегло и робия.
Глад.
Остана стотици години назад.
А нейде живота пулсира,
израства завод
след завод,
бръмчат пропелери...
А моят народ
работи,
умира,
както в дълбоката бронзова ера.

Аз пак те обичам,
Родино на Гоце и Даме,
защото израснах,
защото закрепнах във Теб.
И нося в сърцето си младо
тревожното знаме и вечния устрем
на всички без покрив и хлеб.
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Македонија пее
 
БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ
Билјана платно белеше
на охридските извори.
Оздола идат винари,
винари белограѓани.

„Винари, море винари,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,/2
за свекор и за свекрва
за девер и за јатрва.“

„Билјано моме убаво,
ако ти платно згазиме
со вино ќе го платиме/2
и бела лута ракија.“

„Винари море винари,
не ви го сакам виното,
тук’ ви го сакам момчето,
што напред тера карванот,
што носи февче над око,
а мене гледа под око“.

Момчето ни е свршено,
за него вино носиме,
Билјано, моме убаво
за него вино носиме“.

НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ
Што ми е мило ем драго
на Струга дуЌан да имам./2

Рефрен:
Оф леле, леле, либе ле,
срцето ми го, џанам, изaоре!/2

На Струга дуќан да имам,
на кепенците да седам./2

Рефрен:.........

На кепенците да седам
струшките моми да гледам/2

Рефрен:.........

Струшките моми да гледам
кога ми одат на вода./2

Рефрен:.........

Над мойта земя в небето опира Пирин и мурите в буря илинденски приказки пеят
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Поезија
 
П И Т А М
Посвещавам на
д-р Благой Гущеров и
Йордан Василев


Край мурите вековни
пътеката извива,
по нея вдъхновени
вървиме ние трима.

По стръмното задъхан
за изворчето питам,
за Гоцева дружина
да зная още искам.

Разказвайте, другари,
открит е хоризонта -
за млади и за стари
достойна е борбата.

От знаме македонско
изгрява ясно слънце.
Издигнато високо
над Яне и над Гоце.

И викна ми сърцето
сред красотата дивна,
че има македонци
и с тях - и ние трима.

Пътеката хайдушка
легенди ще разказва,
а Гоцевата пушка -
музеи ще показват.

ХЕЙ, НИКОЛА
Ето слънцето изгряло -
пуска стадото навън.
Гринго лае, агне бяло
носи на гърба си трън.

Хей, Никола, зимен вятър
люшка твоя труден ден.
Аз ти казвам, куме Петър,
вечно да си вдъхновен.

Край гори и край поляни
кротко стадото пасе.
Мокри, кални, уморени -
всички топъл дом зове.

Ето слънцето изгрява,
стадото пред теб върви
и сърцето ти запява,
че си още силен ти.

Б Ъ Д Е Щ Е
Едно детенце македонец
на дансинга само отива.
До него с фото млад японец
предлага снимка да направи.

Детето с гордост македонска
погледна към баща си кротко.
То музика отново иска
и снимката държи високо.

И днес детето по-голямо
израсна с вяра македонска.
То носи слънцето на рамо
от век на век и чак до днеска.

ПЕТЪР СТОЕВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting