Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Евросамит во Брисел

ЕВРОПСКА ДРЖАВА JA ЗЛОУПОТРЕБУВА ПОЗИЦИJАТА

(Преземено од “А1 Телевизија“)

Македонија е решена да ги исполни поставените задачи потребни за членство во ЕУ, но како мала земја е загрижена да не се поставуваат нови дополнителни непринципиелни услови и пречки кои не се дел од копенхагенските критериуми.

ЕУ треба да ги почитува принципите кои самата ги постави и прогресот на земјите кандидати да го цени врз таа основа.
Ова го истакна македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски на европскиот политички самит „Рекапитулар за Балканот“ што се одржа на 24 jуни во Брисел.
„Една членка на ЕУ злоупотребува билатерално прашање, прашањето за името, за да врши притисок врз Македонија да се откаже од своето право на национално самоопределување и да ја блокира нејзината евроинтеграција. ЕУ не треба да биде заложник на неодговорното однесување на некои политичари, забележа Милошоски.
Одговарајќи на прашања од учесниците на собирот како понатаму ќе се развиваат работите во врска со прашањето за името, тој рече дека Македонија е подготвена да ги продолжи преговорите што се водат со посредство на медијаторот на ОН Метју Нимиц.
„Ќе продолжиме да говориме со аргументи дека една мала нација има право на национално самоопределување и заштита на своето национално име“, посочи минис-терот Милошоски.
Осврнувајќи се на ирското референдумско „не“ на Лисабонскиот договор и можното влијание врз проширувањето на Унијата шефот на македонската дипломатија оцени дека тоа не било „лоша вест од Брисел, туку лоша вест за Брисел“.
„Изгледа дека некои надвор од Ирска се посреќни од Ирците. Најголем предизвик за ЕУ и за европските политичари сега е да се најде начин ирското „не“ да не се користи како изговор за одложување на процесот за проширување“, истакна Милошоски.
Европратеничката Дорис Пак, која беше еден од главните говорници на дебатата, укажа дека билатералните проблеми никогаш не биле и не треба да бидат пречка во процесот на проширување на ЕУ.
„Земјите членки кои се директни соседи на државите кандидати треба да бидат одговорни и да не заборават дека и ним им била потребна поддршка и пријателство кога пристапувале во Унијата“, рече Пак.
Според неа, проширувањето треба да продолжи и да заврши со успех или во спротивно ЕУ ќе го загуби кредибилитетот.
„Унијата нема да биде комплетна без земјите од Западен Балкан“, заклучи Дорис Пак.
Референдумот во Ирска нема да влијае на процесот на проширување, порача еврокомесарот Оли Рен.

„Проширувањето воопшто не беше дел од референдумската кампања во Ирска. Демократизацијата и евроинтеграцијата на Балканот одат паралелно со институционалните реформи во Унијата, но треба време и трпение“, рече Рен.

Врати се назад   Врати се горе
   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај


66 години, откакто ги убиха

Там е моята родна земя. Там е моят хайдушки Пирин... с очи, забити далеч в простора, чертае с остър поглед границите на моята родина – до Шар, до Егея, до Родопите и Рила.
(Из “Попътни бележки”)
 
Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза.
(Доклад при учредяването на Македонския литературен кръжок)
Безсмъртни стихове за Нея
Р О Д И Н А
Над тебе Пирин
издига гранити,
обвити във сиви мъгли.
Орли над бедни села размахват крила
и хала в полята пищи.

А бяха години,
когато невинно люлеха ме празни мечти.
Животът бе ведър и лесен,
животът бе щедър и песен бе ти.

Но ето -
преминах през дим,
през масло и машини,
преминах през гнет и тегло -
вред, където се борят за хлеб.

И нещо се счупи във мене.
Простенах от болка,
но бех без изход.
Погледнах надире
и плюх озлобено и в теб,
и в самия живот.

Сега си ми близка,
по-близка от майка дори,
но днеска ме плиска
ненужно пролетата кръв,
насън ме души площадния кървав двубой
на твои герои,
платени със чужди пари.
Тежи ми, Родино,
кошмарно жестоко тежи димещата кръв
и аз ще те питам -
всичко това за теб ли бе нужно,
кажи?

Вред мрак.
И в мрака - тегло и робия.
Глад.
Остана стотици години назад.
А нейде живота пулсира,
израства завод
след завод,
бръмчат пропелери...
А моят народ
работи,
умира,
както в дълбоката бронзова ера.

Аз пак те обичам,
Родино на Гоце и Даме,
защото израснах,
защото закрепнах във Теб.
И нося в сърцето си младо
тревожното знаме и вечния устрем
на всички без покрив и хлеб.
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Македонија пее
 
БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ
Билјана платно белеше
на охридските извори.
Оздола идат винари,
винари белограѓани.

„Винари, море винари,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,/2
за свекор и за свекрва
за девер и за јатрва.“

„Билјано моме убаво,
ако ти платно згазиме
со вино ќе го платиме/2
и бела лута ракија.“

„Винари море винари,
не ви го сакам виното,
тук’ ви го сакам момчето,
што напред тера карванот,
што носи февче над око,
а мене гледа под око“.

Момчето ни е свршено,
за него вино носиме,
Билјано, моме убаво
за него вино носиме“.

НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ
Што ми е мило ем драго
на Струга дуЌан да имам./2

Рефрен:
Оф леле, леле, либе ле,
срцето ми го, џанам, изaоре!/2

На Струга дуќан да имам,
на кепенците да седам./2

Рефрен:.........

На кепенците да седам
струшките моми да гледам/2

Рефрен:.........

Струшките моми да гледам
кога ми одат на вода./2

Рефрен:.........

Над мойта земя в небето опира Пирин и мурите в буря илинденски приказки пеят
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
 
Поезија
 
П И Т А М
Посвещавам на
д-р Благой Гущеров и
Йордан Василев


Край мурите вековни
пътеката извива,
по нея вдъхновени
вървиме ние трима.

По стръмното задъхан
за изворчето питам,
за Гоцева дружина
да зная още искам.

Разказвайте, другари,
открит е хоризонта -
за млади и за стари
достойна е борбата.

От знаме македонско
изгрява ясно слънце.
Издигнато високо
над Яне и над Гоце.

И викна ми сърцето
сред красотата дивна,
че има македонци
и с тях - и ние трима.

Пътеката хайдушка
легенди ще разказва,
а Гоцевата пушка -
музеи ще показват.

ХЕЙ, НИКОЛА
Ето слънцето изгряло -
пуска стадото навън.
Гринго лае, агне бяло
носи на гърба си трън.

Хей, Никола, зимен вятър
люшка твоя труден ден.
Аз ти казвам, куме Петър,
вечно да си вдъхновен.

Край гори и край поляни
кротко стадото пасе.
Мокри, кални, уморени -
всички топъл дом зове.

Ето слънцето изгрява,
стадото пред теб върви
и сърцето ти запява,
че си още силен ти.

Б Ъ Д Е Щ Е
Едно детенце македонец
на дансинга само отива.
До него с фото млад японец
предлага снимка да направи.

Детето с гордост македонска
погледна към баща си кротко.
То музика отново иска
и снимката държи високо.

И днес детето по-голямо
израсна с вяра македонска.
То носи слънцето на рамо
от век на век и чак до днеска.

ПЕТЪР СТОЕВ



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting