Претензијата на Грција да й одредува и наметнува ново име на Република Македонија не се само апсурдни, туку и
безобѕирно цинични.
Тврдењето дека таа земја демократичноста, со која се фали, ја има наследено уште од антиката е
докажана лага. Зашто во практика
Грција не ги признава ниту правата на човекот, ниту оние на националните малцинства.
Како доказ за оваа констатација е потребно да се припомнат некои основни моменти, што се содржат во
Меѓународната повелба за правата на човекот и реалната политичка положба во која се наоѓа македонското малцинство во оваа земја. Од овој документ може да
се види колку Грција ги почитува овие принципи, кои ги гарантираат правата на човекот. И така, за да се зацврсти верата во темелните права на човекот, потврдени
од Обединетите Нации и Статутот на Организацијата на Обединетите Нации државите членки на 10 декември 1948 г. ја усвоија Општата декларација за правата на
човекот. Всушност таа претставува патоводител на човековиот прогрес, бидејки го става во сила заложениот во Статутот принцип согласно кој почитувањето на
правата на човекот е општа грижа на сите влади и сите народи. Како документ од првостепено значење Општата декларација беше следена од уште три
документи, кои и дадоа правна сила: Меѓународниот договор за економските, социјалните и културните права, Меѓународниот договор за граѓанските и политичките
права и Факултативниот протокол кон неа. Со нивното влегување во сила во 1976 г. Меѓународната повелба за правата на човекот стана реалност. Овие документи
ги задолжуваат државите што ги имаат ратификувано, да ги признаваат и почитуваат правата и слободите на човекот.
Денес веќе се договорени повеќе од 60 спогодби и многу други документи, вклучувајќи ја Европската
конвенција за правата на човекот, а исто така и Рамковната конвенција за заштита на правата на националните малцинства. Ги посочувам конкретно овие документи
бидеќи сметам дека тие директно ги опфаќаат идеите на Европската унија. Бидејќи и врз основа на принципот за човековите права и слободи и правата на
малцинствата е изградена и политичката платформа на Унијата, а нејзините членки се задолжени стриктно да ја применуваат. А Грција, членката на ЕУ дури ја нема
ни ратификувано Рамковната конвенција!
На базата на овие регулативи Македонија го поседува светото право сама да го одредува своето име. Во
таа смисла никоја држава, меѓу кои и Грција, не може да и диктира и наметнува друго име на Република Македонија, освен она што го одбрале нејзините граѓани.
Ќе биде парадоксално и смешно, ако овие принципи, кои ја имаат силата да ги заштитат правата и слободите на секоја одделна личност во светската заедница, да
немаат сила да ги заштитат истите права и слободи на цел еден народ!
По поделбата на Македонија во 1913 година Грција се докажа како брутална држава која примени
фашистички и расистички методи и тотален геноцид над македонското население. Илјадници Македонци беа протерани од своите родни места, многу беа избиени,
а на нивно место беа населени колонисти од Азија. Зошто Грција ги изврши овие злостори? Каква беше целта?! Најверојатно за да го „исчисти“ Егејот од
Македонци. И зошто? За да тврди денес, дека во Грција нема Македонци. Или ако има такви, тие се „славофони Грци“. Да, но Македонците преживеаја наспроти
грчките ѕверства. Денес во Грција постои македонска партија „Виножито“, која е членка на европската алијанса и најблизок соработник на ОМО „Илинден“ - ПИРИН.
Да, тоа се Македонци. А друга голема армија од протерани Македонци од Егејот денес го креваат високо својот глас Грција да им ги врати имотите и да им даде
право да живеат во своите родни места. Одговорните европски лидери треба да ја разберат вистинската причина поради која Грција така брутално инсистира
Македонија да го смени своето уставно име и зашто не им дозволува на Македонците да ги посетат своите родни места. Зашто Грција не само што не ги почитува
правата на човекот, туку применува тотален геноцид над Македонците. Во таков случај изводот е само еден – каде има насилство, нема демократија.
Европската унија треба без бавење да го разгледа ова важно прашање и со полна сила да ги примени
приципите кои ги гарантираат
правата на човекот во Грција. Време е Унијата да ги разбере лисичините игри на Грција, кои се во
спротивност со европската
политичка стратегија, која ги штити правата на човекот и на националните малцинства.