Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
НАСАДУВАЊЕТО ОМРАЗА ГИ ЕРОЗИРА ДОБРOСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

“ЕВРОКОМ BG” ГО НАПАДНА ВМРО-БНД, НО И МАКЕДОНСКАТА НАЦИJА

JАН ПИРИНСКИ

НA 16 ноември годинава телевизија „Евроком BG“ емитуваше дискусија-разговор на исто-мисленици, специјално за „неморалниот национален бугарски лик“ на лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов. Дискусијата беше водена од Георги Ифандиев, а учесници во неа беа Николај Тошев, Иван Шалев и Стојко Кузев. На телевизискиот екран беа покажани документи за фалсификатите при регистрирањето на така наречената ВМРО-БНД.

Господата разговараа меѓу себе за тоа кои биле побудите и целта на создавањето на ВМРО-БНД, при што посочија дека поранешната Држав-на безбедност е единстве-ниот стратег, кој го оства-рил појавувањето на оваа организација. Овие „спе-цијалисти“ на бугарската национална доктрина се убедуваа еден со друг, дека нивните заклучоци во однос на заграбувањето на имотите на македон-ските братства и друштва од страна на Државна без-бедност се потполно вис-тинити. И дека токму оваа институција има одредено, кој да раководи со соз-дадената т. нар. ВМРО, при што прво се имала за-прено на Георги Прванов, но во последниот момент се предомислила во корист на Красимир Ка-ракачанов.
Во групата на Карака-чанов биле вклучени уште неколкумина негови ко-леги од Државна безбед-ност како Евгени Еков, Спас Ташев, кој сега е ди-ректор на Бугарскиот кул-турно-информативен центар (!?) во Р. Македо-нија, Анатолиј Величков – поранешен народен прате-ник, Николај К’нев – гене-рален секретар и други. Водителот Ифандиев и гостите подметнаа, дека при неговите комбинации во борбата за власт Каракачанов користел и контакти со поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов.
Како поранешен член на Сојузниот совет на ВМРО-БНД Стојко Кузев од Пловдив раскажа, како организацијата дала доку-менти да се регистрира како партиjа со потписи од 50 членови, меѓу кои имало и фалсификувани, а меѓу нив и неговиот. Кузев го покажа пред камерата документот со неговиот вистински пот-пис и со фалсификувани-от. Поради фалсификува-ните потписи судот ја откажал регистрацијата. По некое време во судот пак бил внесен истиот спи-сок со фалсификуваните потписи и ВМРО-БНД би-ла регистрирана. Истомис-лениците се прашуваа каде е главниот обвинител на Бугарија, за да ги види фал-сификатите, со кои била регистрирана ВМРО-БНД.
Тие посочија дека Ка-ракачанов има регистри-рано фирми, со кои рако-води самиот тој. Од имо-тите, од зградите на маке-донските друштва, што ги има запоседнато, лидерот на оваа партија натрупал милиони. Располагајќи со овие милиони, Каракача-нов згора на тоа го запрел издавањето на весникот „Македонија“. (Па да, него никој не го купуваше! б.м.) И тие прашуваат зошто? Размуабетените пријатели беа категорични во своите заклучоци: Каракачанов не е никаков бугарски пат-риот, а преку своите немо-рални дејствија ја валка „светата патриотска бугар-ска организација ВМРО“.
О, колку сте кутри гос-подо, и вие и вашиот валкач на бугарскиот народ. Зошто? Затоа што ВМРО значи Внатрешна македонска револуцио-нерна организација. Тол-ку! Ги прифаќам за осно-вани обвиненијата на дис-кутантите против Карака-чанов (ние, Македонците во Бугарија одамна го знаеме тоа што тие сега го кажаа), но не можам да ги примам нивните напади и негирање на македонскиот народ, на неговата култура и право на постоење. Би-дејќи овие господа не ја сокрија омразата кон Ма-кедонците и Република Македонија.
Нека господата „специ-јалисти“ за политичките и националните (разбирај: бугарските етнички) пра-шања и сите од оваа сорта бугарски „патриоти“, држ-авници и политичари, ед-наш за секогаш да сфатат, дека никој не е овластен да им наметнува на другите што да бидат по нацио-налност, по вера и поли-тички убедувања. Еден културен и воспитан човек на тоа не би ни помислил. Секој, што се обидува да го негира правото на слободно изразување на волјата на другите е тиранин и враг на сло-бодата на личноста.

НEKA се знае, Република Македонија е реалност. А нејзините државници и политичари, наспроти непрекинатите и денес аспирации спрема нивната земја од страна на соседите, го имаат исклучителното морално и национално достоинство да не постапуваат како нив и тоа единствено и само во името на добрососедството. А бугарската прогресивна општественост треба да ги осуди сите медиуми, коишто заштитуваат мизерни и докажани македономрзци, кои насадуваат само омраза меѓу бугарскиот и македонскиот народ.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


Стихове
 
На земята си живяхме
и щастливо, и печално,
но под сльнцето вьрвяхме
неразделни изначално.

В много робства оцеляхме
и останахме безспорни,
затова, че вечно бяхме
сьдбоносно непокорни.

От изстрадана идея
и борба срещу тирани
сьтворихме епопея
под илинденски камбани.

По света се разпиляхме
като плачещи душици,
че в трагедиите бяхме
с участта на мьченици.

Много крьв и пот проляхме,
че светьт е вечна драма,
но и в нея надделяхме
и не може да ни няма!

От сьрцето на сьдбата
трьгват нашите пьтеки,
за да бьдем на Земята
днес и утре! И навеки!!!

АЛЕКСАНДЬР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее
 
БОР САДИЛА МОМА ЕВГЕНИЈА
Бор садила мома Евгенија,
бор садила ем Богу молила:
- Дај ми Боже бор да ми порастит
да се качам на борои ветки,
да си видам сред море гемија,
во гемија окован делија.
Раце му се синџир заклучени,
ноѕе му се букаги стегнати.
На рамена два сиви сокола.
Го опита мома Евгенија:
- Сош‘ ги раниш два сиви сокола?
Одговара окован делија:
- Парче сечам соколи ги ранам,
солѕи ронам вода и напивјам.

(Секој стих се повторува по три пати)

БОЛЕН МИ ЛЕЖИТ
Болен ми лежит
Миле Попјорданов,
над глава му стои
стара му мајка,
жално го жали,
милно го плачи.

- Стани ми стани,
мое мило чедо.
Твоите другари
по сокаци одат,
по сокаци одат,
жални песни пеат:

- Бог да го прости
Миле Попјорданов.
Миле Попјорданов
за народ загина,
за народ загина
за Македонија.



ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting